Наце Трајковски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Наце (Петрушев или Петров) Трајковски ( 1914 во Младо Нагоричино, Кумановско1944 во Треска, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од селско семејство. Завршил основно образование, а потоа се занимавал со земјоделство. За време на окупацијата на Македонија, станал симпатизер на НОВ и активно го помагал ослободителното движење. Заедно со своите браќа во март 1944 година, стапил во борбените редови на Треттата македонска ударна бригада, со која учествувал во борбите кај Страцин, Свети Николе, Велес и други места. Во сите борби се истакнал како бесстрашен борец, поради што бил поставен за командир на вод. Во втората половина на октомври 1944 храбро загинал во една жестока борба против балистите и Германците во реонот на реката Треска.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 274. На |first= му недостасува |last= (help)