Нарцизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нарцис

Нарцизмот е добивањето на задоволство од суетата или егоистичниот восхит на сопствените атрибути. Терминот потекнува од грчката митологија, според која младиот Нарцис се вљубил во неговиот сопствен лик кој го видел во изворот.

Видови нарцизам[уреди | уреди извор]

Агресивен нарцизам[уреди | уреди извор]

Особини на овој вид нарцизам се:

  • Површен шарм
  • Грандиозно чувство на самопочит
  • Патолошко лажење
  • Зајадливост/Манипулативност
  • Недостаток на каење или вина
  • Грубост/Недостаток на емпатија
  • Неуспех да се прифати одговорност за сопствените постапки

Колективен или групен нарцизам[уреди | уреди извор]

Колективниот нарцизам (или групен нарцизам) е вид на нарцизам кога поединецот има надуено самољубие кон неговата или нејзината сопствена група.[1] Колективниот нарцизам е поврзан и со етноцентризмот; сепак, етноцентризмот се фокусира првенствено на егоцентричноста на етнички или културен план, а колективниот нарцизам е поширок поим кој се однесува на било кој тип на група а не само на културни и етнички групи.[1][2]

Културен нарцизам[уреди | уреди извор]

Во Културата на Нарцизмот, Кристофер Лаш ја дефинира нарцисоидната култура како култура каде што секоја активност и секој однос се дефинирани од хедонистичката потреба да се здобијат симболи на богатство,[3] и ова станува израз на цврста, но прикриена, општествена хиерархија. Тоа е култура во која либерализмот постои само доколку тој му служи на потрошувачкото општество, па дури и уметноста, сексот и религијата ја губат својата ослободувачка енергија.

Сексуален нарцизам[уреди | уреди извор]

Сексуалниот нарцизам е опишан како егоцентричен модел на сексуално однесување кое вклучува надуено чувство на сексуална способност и сексуални овластувања. Сексуалниот нарцизам е дисфункција на интимноста при која се извршуваат сексуални злоупотреби, обично во форма на вонбрачни афери поради неможноста да се доживее вистинска интимност.[4] Ова однесување е почесто кај мажите отколку кај жените и е поврзано со семејното насилство и сексуалната принуда.[5][6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Golec de Zavala, A, et al. "Collective narcissism and its social consequences." Journal of Personality and Social Psychology 97.6 (2009): 1074-1096. Psyc articles. EBSCO. Web. 26 Mar. 2011.
  2. Bizumic, Boris, and John Duckitt. "My Group Is Not Worthy of Me": Narcissism and Ethnocentrism." Political Psychology 29.3 (2008): 437-453. Psychology and Behavioral Sciences Collection. EBSCO. Web. 9 Apr. 2011.
  3. Lasch, C, The Culture of Narcissism. 1979
  4. Hurlbert, D.F., Apt, C.. Sexual narcissism and the abusive male. „Journal of Sex and Marital Therapy“ том  17 (4): 279–92. doi:10.1080/00926239108404352. PMID 1815094. 
  5. Hurlbert, D.F., Apt, C., Gasar, S., Wilson, N.E., Murphy, Y.. Sexual narcissism: a validation study. „Journal of Sex and Marital Therapy,“ том  20 (1): 24–34. doi:10.1080/00926239408403414. 
  6. Ryan, K.M., Weikel, K., Sprechini, G.. Gender differences in narcissism and courtship violence in dating couples. „Sex Roles“ том  58 (11–12): 802–13. doi:10.1007/s11199-008-9403-9.