Народен театар - Штип

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Народниот театар од Штип е културна установа којашто работи во рамките на Центарот за култура „Ацо Шопов“ од Штип.

Историја[уреди | уреди извор]

Народниот театар од Штип започнал со работа во 1951 година, а првите театарски дејци биле учителите кои приредувале претстави со своите ученици. Оттогаш, театарот приредил над 300 премиери и над 5.000 репризни претстави, при што гостувал во над 100 градови низ Македонија и во странство, а неговите претстави ги посетиле околу еден милион гледачи.[1]

Претстави[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2010/2011 година, Народниот театар од Штип одиграл 99 претстави, додека во сезоната 2011/2012 година, тој број изнесувал 76. Трендот на опаѓање на претставите продолжил и во следните години: во сезоната 2012/2013 година, театарот одиграл 68 претстави, додека во сезоната 2013/2014 биле поставени 63 претстави. Од друга страна, наспроти намалувањето на бројот на претставите, бројот на продадените билети за претставите пораснал за 43% во периодот 2011-2015 година.[2]

Во текот на 2014 година, театарот од Штип ги поставил слендиве премиери: „Лулка“, во режија на Андреј Цветановски; „Мрачна комедија“ на Спасое Миловановиќ; и куклената претстава „Јан бибијан“ на Дарко Ковачовски, а сите три премиери биле финансирани од Министерството за култура. Во 2015 година, Министерството за култура финансирало две премиери во театарот од Штип, и тоа: „Хотел ни за небо ни на земја“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски и „Приказни по телефон„ од Џани Родари, во режија на Деан Дамјановски.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Општина Штип, ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 37-38.
  2. „Штипскиот театар доби пари за само една претстава за возрасни“, Дневник, година XIX, број 5679, петок, 30 јануари 2015, стр. 18.
  3. „Штипскиот театар доби пари за само една претстава за возрасни“, Дневник, година XIX, број 5679, петок, 30 јануари 2015, стр. 18.