Приказни по телефон
Изглед
„Приказни по телефон“ — книга за деца на италијанскиот писател Џани Родари.
Содржина
[уреди | уреди извор]Книгата содржи 34 раскази:[1]
- „Си бил едно време еден“
- „Злосреќниот ловец“
- „Дворецот од сладолед“
- „Прошетката на еден расеанко“
- „Дворец за кршење“
- „Земја без острици“
- „Земјата со претставката не“
- „Дожд од бонбони“
- „Вртелешката на Чезантико“
- „На плажата во Остија“
- „Историја на царството Лапачија“
- „Алиса паѓа во морето“
- „Војна на камбаните“
- „Аполонија Мармаладова“
- „Старата тетка Ада“
- „Сонцето и облакот“
- „Добриот Џилберто“
- „Зборот плаче“
- „Лакомата треска“
- „Во недела наутро“
- „Заспивање, разбудување“
- „Кристалниот Џакомо“
- „Тролејбусот број 75“
- „Кучешкото село“
- „Бегството на Пулчинела“
- „Ѕидарот од Валентина“
- „Војничкото ќебе“
- „Бунарот на Кашина Пјана“
- „Куќи и дворци“
- „Учителот Гароне“
- „Планетата на вистината“
- „Подвижниот тротоар“
- „Вселенска кујна“
- „Поучни бонбони“
Изданија на македонски јазик
[уреди | уреди извор]Книгата „Приказни по телефон“ доживеала повеќе изданија на македонски јазик:
- Во 1993 година, таа била објавена како заедничко издание на „Мисла“, „Наша книга“, „Култура“, „Македонска книга“ и „Детска радост“, како лектира за второ одделение според наставниот план и програмата за основните училишта во Република Македонија. Преводот го направил Видое Подгорец, автор на корицата е Александар Каевски, нацртот и ликовно-графичкото обликување на корицата го направил Диме Исаиловски, а автор на илустрациите е Младен Туниќ. Книгата била испечатена во НИП „Нова Македонија“, РЕ Печатница, во Скопје, во 1993 година.[2]