Напонски делител
Напонски делител или делител на напон – линеарно коло во електрониката кое дава излезен напон (Vout) кој претставува дел од неговиот влезен напон (Vin). Напонски делител се однесува на поделба на напонот меѓу компонентите на колото.
Пример на напонски делител е коло кое се состои од два отпорници или потенциометри во сериска врска. Обично се користи за добивање референтен напон, или за мерење на висок напон преку пропорционален низок. Исто така може да се користи како придушувач на сигнали на ниски честоти.
Принцип на делител на напон
[уреди | уреди извор]Напоните на делителот се поврзани на маса и двата отпорника R1 и R2 се врзани во серија. Влезниот напон U доаѓа на двата отпорници, а излезниот напон се мери на краевите на R2.
Користејќи го Вториот Кирхофов закон потоа Омовиот закон со напоните U и U2, можно е да се изведе однос меѓу излезниот U2 и влезниот напон U:
При што и
значи:
Користејќи го Омовиот закон се добива:
Значи:
- .
На крајот, се добива:
Принцип на оптоварен делител на напон
[уреди | уреди извор]Шемата на поврзување е слична со претходната, но на излезот е оптоварен со отпорник RL. Истиот е во паралелен спој со отпорникот R2. Еквивалентниот отпор меѓу точките на U2 е:
Па равенката на напонскиот делител може да се напише:
Треба да се напомене дека ако R2 е занемарлив во однос на товарот RL тогаш Req ~ R2 и делителот се однесува како склоп без товар.
- Со оглед дека отпорниците се во паралелен спој:
- напонскиот делител овозможува да се напише:
- односно:
Примена
[уреди | уреди извор]Мостниот делител на напон главно служи за подобрување на сигналот за да може да се обработува од некое коло притоа да се запази неговата влезна динамика.
Капацитивен напонски делител
[уреди | уреди извор]Освен напонските делители со отпорници, постојат исто така капацитивни напонски делители кои се состојат од два кондензатора. Овие делители не овозможуваат делење на еднонасочен напон – кондензаторите не спроведуваат струја ако напонот на нивните краеви е еднонасочен – но може да се користат при наизменичен напон. Во овој случај, особено внимание треба да се обрне на динамичкото однесување на склопот [1].
Во случај на капацитевен напонски делител важи :
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Kuechler 2005, стр. 348–365.
Литература
[уреди | уреди извор]- Horowitz, Paul; Hill, Winfield (1989). The Art of Electronics. Cambridge University Press.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Voltage divider and current calculator with variable count of resistors
- Voltage divider or potentiometer calculations
- Voltage divider tutorial video in HD
- Online calculator to choose the values by series E24, E96
- Online voltage divider calculator: chooses the best pair from a given series and also gives the color code
- Java based search tool for analysing a potential divider circuit
- Voltage divider theory - RC low-pass filter example and voltage divider using Thévenin's theorem