Наочник
Наочници[1][2] — парчиња кожа или пластика што се дел од коњска опрема. Прицврстени на личникот на уздата, тие доаѓаат во пар и покриваат дел од видното поле на животното, со што го спречуваат да гледа зад него, а понекогаш и на страните. Тие главно се користат во коњски запреги, како и во коњски трки.
Историја
[уреди | уреди извор]Благодарение на неговите бочно поставени очи, коњот има многу широко видно поле што му овозможува, во природата да може да види грабливец кој пристига од далеку, дури и од зад него.[3] Во домашни услови, оваа особеност станува слабост за корисниците на нервозни или плашливи коњи во стресни средини, како што се бучни градови, боишта и на трки.
Опис и употреба
[уреди | уреди извор]Наочниците обично се квадратни парчиња, направени од кожа или обликувана пластика, кои се поставени од двете страни на очите на коњот, прикачени на уздата. Наочниците со мала дупка (тип шпионка) за да му овозможат на животното да има ограничен вид наназад се познати како „визири“.[4] Во коњските трки, наочниците најчесто се прикачуваат на посебен држач поставен под уздата.
Не сите коњи поднесуваат наочници, а некои стануваат многу нервозни ако не можат да ја видат околината.[5] Повеќето корисници на наочници веруваат дека тие помагаат да се задржи вниманието на коњот на она што се случува пред него, на неговиот водач и неговата трка, наместо на изворите на одвлекување на вниманието, како што се толпата или другите натпреварувачи на коњска трка.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „наочник“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „наочник“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Dal'Secco, Emmanuelle (2006). Les chevaux de trait. Éditions Artemis. стр. 8. ISBN 978-2-84416-459-9. Укажано повеќе од еден
|pages=
и|page=
(help) - ↑ (англиски) „Racing Victoria Limited - Beginners Guide Racing Terminology“. Посетено на 31 janvier 2009. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Grard Guénard 2008