Назабена летва

Од Википедија — слободната енциклопедија
Анимација на работењето на назабената летва

Назабена летва или назабена шина — склоп од два назабени дела со чија помош вртежното движење се претвора во праволиниско. Кружниот запченик ги зафаќа запците на рамната летва или шина. Вртежното движење ја придвижува летвата странично, дотаму до каде што може да оди.

На пример, кај една запчеста железница, запченикот сместен под локомотивата или моторниот воз се врти вклопувајќи се во назабената летва помеѓу шините и така го влече возот по стрмен наклонет терен.

Склопот од летва и запченик честопати се среќава кај механизмите за управување на автомобил или друг вид на возило на тркала. Овој склоп овозможува помала механичка придобивка отколку другите механизми како recirculating ball, но затоа многу помал мртов од и поголема спрега („осет“) при управувањето. Променливата летва (со нормален запченик) ја изумил Артур Бишоп,[1] со цел да ја усоврши спрегата на возилото и „осетот“ при управување, особено при поголема брзина. Денес овој склоп се вградува во многу нови возила, откако тој изумил специјализиран процес на топло решеткасто валање за изработка на летвите во конечен облик, отстранувајќи ја потребата од дополнително назабување.

Затворена назабена летва за автомобилско управување

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Променлив однос на назабената летва за управување“. Google Пребарување на патенти. Посетено на 22 март 2007.[мртва врска] (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]