Нада Митева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 7 септември 1947 (1947-09-07) (72 г.)
Пехчево, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонка
Познат биолог
Занимање универзитетска професорка


Нада Митева (7 септември 1947 во Пехчево) — македонски биолог и универзитетска професорка.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Основно образование завршила во родното место, а гимназија во Скопје. Во учебната 1966/67 година се запишала на ПМФ, група биологија. Дипломирала во 1970 година. Во 1972 година се вработила како договорен асистент на Биолошкиот факултет во Скопје. Во 1975 година е избрана за асистент по предметот општа биологија за студентите од Медицинскиот и Стоматолошкиот факултет во Скопје. Магистерската работа ја одбранила во 1978 година, а докторската дисертација во 1987 година. За доцент е избрана во 1988 година, а за вонреден професор во 1993 година. Во звањето редовен професор е избрана во 1988 година. Се занимава со хистоморфолошки истражувања на стаорците и рибите. Објавила околу 40 научни трудови.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Мисиркова-Руменова“. Македонска енциклопедија , книга II (М-Ш): стр. 964. (2009). Скопје: МАНУ.