Нада Антева
Нада Тевдова Антева (8 јануари 1923 во Тетово — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица 1941.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Монополска работничка. Пред војната учествувала во напредното работничко движење. Кон крајот на 1940 година била примена за член на СКОЈ, а во септември 1941 година веќе била кандидат на КПЈ. Од април 1942 година станала член на КПЈ. Во јули 1941 година зела учество во подготовките на штрајкот на монополските работници и била избрана за член па штрајкувачкиот одбор. Во пролетта 1942 година била секретар на реонска партиска организација и секретар на Месниот Комитет на КПЈ - Тетово, до крајот на 1942 година.[1] Нејзиниот дом, бил сигурно илегално засолниште во градот. Во пролетта 1943 година била избрана за инструктор на Првиот областен комитет на КПМ и на територијата на Дебар и Кичево организирала Окружни комитети. Во ноември 1944 година била избрана за секретар на Окружниот комитет за Тетовско. Таа е носител на Партизанска споменица 1941 и повеќе одликувања.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |