М’глиж

Координати: 42°36′24.4″N 25°32′51.07″E / 42.606778° СГШ; 25.5475194° ИГД / 42.606778; 25.5475194
Од Википедија — слободната енциклопедија
М’глиж
Мъглиж
град
Изглед кон градот
Изглед кон градот
М’глиж is located in Бугарија
М’глиж
М’глиж
Местоположба на М’глиж во Бугарија
Координати: 42°36′24.4″N 25°32′51.07″E / 42.606778° СГШ; 25.5475194° ИГД / 42.606778; 25.5475194
ЗемјаБугарија
ОбластСтара Загора
ОпштинаМ’глиж
Управа
 • ГрадоначалникДушо Гавазов (ГЕРБ)
Површина
 • Вкупна73,923 км2 (28,542 ми2)
Надм. вис.&10000000000000375000000375 м
Население (2022)
 • Вкупно3,259
 • Густина44/км2 (110/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код6180
Повик. бр.+359 04321
Мреж. местоmaglizh.bg

М’глиж (бугарски: Мъглиж) — град во Јужна Бугарија, административен центар на општината М’глиж во Старозагорската Област. Има население од околу 3.259 жители (2022).[1]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа во Казанлашката Долина, во подножјето на Стара Планина.

Историја[уреди | уреди извор]

Од петтиот век п.н.е. до првиот век од нашата ера во градот и неговата околина процветале неколку тракиски населби - тврдини и вили. За високата тракиска култура сведочи гробницата со ѕидно сликарство кај М’глиж.

За време на римското владеење и средниот век градот бил важна тврдина и попатна станица на раскрсницата на античките автопати Сердика - Месемврија и Константинопол - Никополис ад Иструм. Во 13 век, византиските извори за првпат го спомнуваат неговото име Монглиж.

Во првите векови на турското владеење, М’глиж бил најголемата населба на Казанлашката каза. Во 1869 година, жителите на М’глиж основале првото селско читалиште во Бугарија. Во 1877 година селото имало 400 бугарски куќи. М’глижани земале активно учество во ослободителните борби.

По ослободувањето М’глиж се проширил на 1.500 куќи и 5.000 жители. Се развивало килимството, дрвосечањето и др.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]