Музичка драма

Од Википедија — слободната енциклопедија

Музичка драма — единство на драмското и музичкото дејство. Првично го вовел Теодор Мундт во 1833 година, а најмногу го користел Рихард Вагнер, заедно со Gesamtkunstwerk, за да ги дефинира своите опери.

Употреба[уреди | уреди извор]

Теодор Мундт (1808–1861), кој го сковал поимот Musikdrama бил германски критичар и романописец. Бил член на групата германски писатели „Млада Германија“.

Мундт ја изразил својата дефиниција експлицитно за разлика од интермецото, или парче што се наоѓа помеѓу драматични ентитети. До денес, музичката драма е поврзана со делата на Рихард Вагнер каде драмата, музиката и сценските изведби не биле произволно комбинирани. Самиот Вагнер ја компонирал музиката и го пишувал либретото, а и бил консултант за сценографијата и кореографијата. Оваа сеопфатна уметност, или Gesamtkunstwerk, повикува на диeгезата на музичката драма со цел да се продолжи потопното чувство.

Самиот Вагнер се противел да ги нарекува своите дела музичка драма, што би имплицирало драма „наменета за музика“, како либрето. Наместо тоа, тој сакал да ја стави музиката во служба на драмата, која навистина во нејзиниот изворен старогрчки облик била неразделна од музиката. Сепак, поимот музичка драма бил прифатен. Главна особина на музичката драма е нејзиното формално единство, без прекини или помали затворени облици како арии или дуети. Повторливите лајтмотиви даваат поддршка и интерпретација на текстот, кој напредува како во говорна драма.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Riemann Musiklexikon, Mainz 1967, Sachteil, p.605.
  • Richard Wagner, "Über die Benennung Musikdrama", in: Wagner, R., Gesammelte Schriften und Dichtungen, Leipzig: Siegel 1907, vol. 9, Предлошка:Pp.