Млада Виена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кафулето Гринштајдл во 1896 година (Рајнхолд Велкел)

Млада Виена (Jung-Wien) - друштво на писатели од „fin de siècle“ (крајот на векот) што се сретнувале во виенското кафуле „Griensteidl“ (Гринштајдл) и другите блиски кафулиња кон крајот на деветнаесеттиот век.[1]

Групата се отргнала од преовладувачкиот натурализам од тоа време и експериментирала со различни аспекти на модернизмот, вклучувајќи ги симболизмот и импресионизмот. Во своето разгледување на крајот на векот во Виена, историчарот Карл Шорске напишал за движењето дека тие „го оспоруваат моралистичкиот став на литературата од деветнаесетти век во корист на социолошката вистина и психолошката отвореност“.[1]

Херман Бар бил сметан за гласноговорник на групата. Меѓу другите членови биле Артур Шницлер, Феликс Дерман, Петер Алтенберг, Ричард Бер-Хофман, Феликс Залтен, Раул Ауернхајмер, Хуго фон Хофманштал и Карл Краус.[2] Краус подоцна ќе се оддалечи од групата и во својот есеј „Уништената литература“, напишан веднаш по уривањето на „Café Griensteidl“ во 1897 година, тој ја критикувал групата и предвидувал дека „наскоро ќе заврши заради недостаток на фоаје“. По уривањето на кафулето, групата (без Краус) продолжила да се состанува во блиското „Café Central“.[3]

Членови на групата[уреди | уреди извор]

  • Петер Алтенберг, првично Рихард Енгландер (1859, Виена –1919, Виена), писател и поет
  • Леополд фон Андријан, првично Леополд Фрајхер Фердинанд фон Адријан цу Вербург (1875 Берлин –1951, Фрибург), дипломат и писател
  • Раул Ауернхајмер (1876, Виена –1948, Оукленд), новинар и писател
  • Херман Бар (1863, Линц –1934, Минхен), писател, драматург и критичар
  • Рихард Беер Хофман (1866, Виена – 1945, Њујорк), романсиер, драматург и лирски поет
  • Јакоб Јулиус Давид (1859, Махриш Вајскирхен (чешки: Хранице на Мораве) – 1906, Виена), новинар и писател
  • Феликс Дерман, првично Феликс Бидерман (1870, Виена – 1928, Виена), писател, книжевник и филмски продуцент
  • Фрида Ул Штринберг (1872, Мондзе – 1943), писател и преведувач
  • Паул Голдман (1865, Бреслау–1935, Виена, новинар, публицист, патописец, театарски критичар и преведувач
  • Хуго фон Хофманштал (1874, Виена –1929, Родаун), писател, драматург, лирски поет и книжевник
  • Карл Краус (1874, Јичин –1936, Виена), публицист, сатиричар, лирски поет, афористичар, драматург и критичар
  • Антон Линднер (1874, Лемберг – 1928, Вандсбек), лирски поет, наративен писател,критичар и преведувач
  • Феликс Залтен, првично Зигмунд Залцман (1869, Пешта – 1945), автор и критичар
  • Артур Шнитцлер (1862, Леополдштат –1931, Виена), наративен писател и драматург
  • Ричард Шпехт (1870, Виена – 1932), лиричар, драматург, музиколог и писател
  • Јакоб Васерман (1873, Фирт – 1934, Алтаусзе), писател
  • Стефан Цвајг (1881, Виена –1942, Петрополис), писател

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Carl E. Schorske (1981). Fin-De-Siecle Vienna: Politics and Culture. New York: Random House. стр. 212. ISBN 978-0-394-74478-0.
  2. Gabrielle H. Cody; Evert Sprinchorn (2007). The Columbia encyclopedia of modern drama: A-L. New York: Columbia University Press. ISBN 978-0-231-14422-3.
  3. Humphries, Rob (2001). The Rough Guide to Vienna. London: Rough Guides, ltd. ISBN 978-1-85828-725-6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]