Прејди на содржината

Мишо Китаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Mишо Китаноски e новинар, публицист, поет и автор на телевизиски сценарија.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден е во 1941 година во Вевчани. Основно и средно образование завршил во Кавадарци, а виша школа и факултет во Скопје[1][2]. Целиот работен век бил новинар, уредник и главен и одговорен уредник на весници, ревии и списанија.[3]

Насловна страна на студентскиот весник „Збор“

Мишо Китановски е дел од редакцискиот одбор на средношколскиот весник “Збор“, чиј прв број излегол на 1 февруари 1960 година во Кавадарци. Покрај Мишо членови на одборот биле: Васил Мукаетов и Петар Петрушевиќ, а имал и голем број на надворешни соработници.[4]

Творештво

[уреди | уреди извор]

Мишо Китановски е автор на две збирки песни за деца , а за возрасни книгите песни и раскази „Сите деца се исти“ и„Џамлии и лифтови“, „Потпис: Сандра“ (поезија за возрасни), „Прстен и парфем“ и десетина публицистички книги меѓу кои и „Бела книга, црно писмо, македонски индекс на забранети дела“, „Пиринска историска вистина (1944-1948), потоа „Децата бегалци од Егејска Македонија во Југославија“,„Летописи за македонските села“, „Хроника за музичкиот живот во Штип меѓу двете светски војни“, „Евреите во Штип од доселувањето до холокаустот“ како ѝ делото „Детството на Конески“. Работи како главен и одговорен уредник на ревијата „11 Март 1943“, гласило на еврејската заедница и уредник на најстарото македонско списание за литература, култура и уметност „Современост во Скопје.[3]

  1. ↑ Мишо Китаноски
  2. ↑ SOVREMENOST[мртва врска]
  3. 1 2 Вечер (2025-05-04). „„Детството на Конески" од Мишо Китаноски – четиво за секое дете и родител“. Вечер ...1963 | Vecer MK. Посетено на 2026-07-19.
  4. ↑ „На денешен ден- излезе првиот број на средношколскиот весник "ЗБОР"“. rtk.mk. Посетено на 2026-07-19.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]