Мишко Крстевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мишко Крстевски
Животописни податоци
Роден(а)1963
Неготино
ПотеклоМакедонија Македонија
Жанровинародна музика, фолк музика
Занимањапејач
Период на активност1991 - сè уште

Мишко Крстевски (р. Неготино, 1963) — македонски фолк пејач на народна музика.

Кариера[уреди | уреди извор]

Крстевски своите професионални почетоци ги има на "Фолк Фест Валандово" во 1991 година со песната "Колку чини меракот". Потоа настапува на "Цветници" 1993 со "Замене си родена" и 1994 со "Ана Анита". Во 1994 настапува на "Фолк Фест Валандово" со "Љубов моја ранлива" и 1995 со "Нема да те преболам". Тој е редовен учесник и на фестивалите: Фолк Фест Роса, Тетовски фолк фест, Гоце Фест, Тумба фест, Охрид фест, Серенада Битола, Фолк Фест Валандово и други.

Неговата кариера ја одбележаа неколку големи хитови: За таа љубов да наздравиме, Дуњо моја, Запри запри виолино, Ти можеш се, Љубов моја ранлива и Ана Анита.

Во 2021 година прослави 30-години јубилеј на македонска фолк сцена, и по тој повод му излегуваат новите песни Да живее љубовта, Ех да си домене и Само ти.

Крстевски е добитник на неколку награди, од кои: Во 1994 година, на Валандоно настапува со песната "Љубов моја ранлива", каде победува со прва награда од публика исто и во 1996 година, со "Зошто боже". Во 2023 година настапува на Фолк Фест Валандово со "Ема убава" каде победува на фестивалот со прва награда од жирито.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]