Мираз (Мопасан)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Мираз“ (француски: La Dot) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан, првпат објавен на 9 септември 1884 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Нотарот Симон Лебриман се оженува со Жана, која има голем мираз. По една недела исполнета со меѓусебна љубов, тие одат во Париз, а Симон го зема со себе целиот мираз, со намера да го исплати долгот направен за купување на нотарската канцеларија. По пристигнувањето во Париз, тие се качуваат во омнибус, но на последната станица Жана открива дека го нема сопругот. Таа го посетува својот роднина Анри, кој ѝ кажува дека, најверојатно, Симон избегал во Белгија со нејзините пари. Разочарана, таа омалаксува и Анри ја прибира во својот дом.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Мираз“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 332-340.