Милан Злоковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Милан Злоковиќсрпски архитект, роден во Трст на 6.IV. 1898, а починал во Белград на 29. V. 1965 година. Дипломирал на Техничкиот факултет во Белград, во 1921 година. Во периодот од 1921 до 1923 година престојувал во Париз, каде ја посетувал Високата школа за уметност. Бил вработен како наставник на Архитектонскиот факултет во Белград, каде што останал на работа сѐ до исполнување на својот активен работен стаж (1923- 1962).

Со цел да ја прекинат врската со актуелниот историзам и да се вклучат во модерните европски движења на архитектурата, тој заедно со своите врсници Коиќ и Бабиќ, како и малку постариот Дубови, се јавуваат како основачи на Групата архитекти на модерниот правец. Се вбројува меѓу првите архитекти којшто ја пренел модерната архитектура во Скопје. Од тој период негово познато дело во Македонија е Палатата на трговско- индустриската комора во Скопје, од 1933 година.

Во 1937 година учествувал на анонимен архитектонски конкурс за Филијалата на Државната хипотекарна банка во Скопје. Неговата дејност била педагошка, проектантска, научна и општествена. Изработил над 60 идејни и 30 главни проекти. Публикувал повеќе од 50 статии во стручни во стручни и научни списанија. Реализирал 16 објекти од различен карактер и намена. Во повоениот период претежно се занимавал со теориските основи на архитектонското компонирање, модуларните мрежи и модуларната координација. Од 1955-59 година бил ангажиран како хонорарен наставник на предметот Проектирање на општествени згради на Архитектонскиот отсек при Техничкиот факултет во Скопје.

За својот богат творечки опус, во 1963 година ја добил Седмојулската награда.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Константиновски, Георги (2001). Градителите во Македонија XVIII- XX век. Скопје: Табернакул. стр. 39.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]