Меѓата на светот
Меѓата на светот (српски: Међа света) - збирка со куси раскази на македонскиот писател Митко Маџунков. Првобитно, книгата била објавена на српски јазик, во 1984 година, од издавачката куќа „Просвета“ од Белград, во рамките на библиотеката „Современа проза“ (Савремена проза), а следната година била објавена на македонски јазик во издание на „Наша книга“ од Скопје, како дел од едицијата „Македонска книжевност“.
Издание на „Просвета“
[уреди | уреди извор]Изданието на српски јазик е печатено во печатницата „Нови дани“, во тираж од 1.500 примероци, но книгата не е каталогизирана. Збирката се состои од 10 циклуси и епилог:[1]
- Семеен албум (Породични албум), со расказите: „Раѓање“, „Отворање на пупката“, „Семеен албум“, „Час“, „Пламен“, „Камчиња“, „Пат“, „Пречек“, „Вечер“, „Син“, „Мака“, „Клуч“, „Роденден“ и „Градба“.
- Пред вечноста (Пред вечношћу), со расказите: „Земја од онаа страна на пирамидите“, „Летач“, „Создавање“, „Море“ и Плажа“.
- Природа, со расказите: „Заборав“, „Патување“, „Пророштво“, „Бесмртност“, „Пред вечноста“, „Друг свет“, „Криволак“ и „Утопија“.
- Алхемија, со расказите: „Куќата на лудаците“, „Лица“, „Ѕвере“, „Паралелни ленти“, „Пријатели“, „Демонстрации“, „Алхемија“, „Просветлување“, „Пирамида“, „Водач“, „Градина“, „Чудо“, „Дидактика“, „Прогрес“ и „Катаклизма“.
- Идеална домаќинка (Идеална домаћица), со расказите: „Посета“, „Нова Година“, „Мед“, „Чергари“, „Одмазда“, „Идеална домаќинка“, „Перверзни малограѓани“, „Вампир“, „Стан“, „Капење“, „Гостин“, „Летување“, „Револуционери на ваканција“ и „Идила“.
- Ловци, со расказите: „Заби“, „Фотографија“, „Ловци“, „Хеликоптер“, „Мравки“, „Племе“, „Кафез“, „Купони“, „Племето на смелите кокошки“, „Грешка“, „Испит“, „Глумци“ и „Благодарност“.
- Игра, со расказите: „Потонат свет“, „Жртва“, „Игра“, „Избор“, „Засолниште“, „Загуба“, „Поплава“, „Бродолом“, „Подземје“, „Заточеници на плажата“, „Сламка“, „Решение“, „Куќа“, „Затвореник“, „Бесилка“, „Бездна“, „Одбрана“, „Цикличниот од на историјата“ и „Болница“.
- Предел (Предео), со расказите: „Јајце“, „Возење“, „Фалусоидниот питон“, „Миг“, „Средовечни жени“, „Кино“, „Дождлива година“, „Митинг на поезијата“, „Љубомора“, „Преспат“, „Детски игри“, „Оган“, „Парк“, „Развод“, „Љубов во два брана“, „Предел“ и „Меѓата на светот“.
- Завештание (Завештање), со расказите: „Стрелец“, „Езеро“, „Созвучје“, „Кошмар“, „Живи стихови“, „Визија“, „Бања“, „Лимонот на Хемингвеј“, „Сон и јаве“, „Убавицата и уметникот“, „Црна кутија“, „Писмо“, „Бегството и повторното раѓање на зографот“, „Завештание“ и „Изгубено сеќавање“.
- Прездавање (Поновно стварање), со расказите: „Тајна“, „Мртовец“, „Секцирање“, „Другар“, „Гробница“, „Самоубиство“, „Покојникот и неговата сенка“, „Дедо“, „Промена“, „Разделба“, „Пресоздавање“ и „Колиба“.
- Епилог, со расказот „Заминување“.
Издание на „Наша книга“
[уреди | уреди извор]Македонското издание е печатено во печатницата „Нова книга“ во Скопје, во тираж од 2.000 примероци, а издавањето на книгата било финансиски помогнато од Републичката заедница на културата. Ликовно-графичкото уредување го направил Томислав Филипов, а книгата е каталогизирана во НУБ „Климент Охридски“ - Скопје. Книгата се состои од еден прозен текст (наместо пролог), девет циклуси и епилог:[2]
- „Девет слики“ (место Пролог)
- Семеен албум, со расказите: „Раѓање“, „Отворање на пупката“, „Семеен албум“, „Час“, „Пламен“, „Камчиња“, „Пат“, „Пречек“, „Вечер“, „Син“, „Тешкотии“, „Клуч“, „Роденден“ и „Градба“.
- Пред вечноста, со расказите: „Летач“, „Создавање“, „Море“, „Плажа“, „Природа“, „Заборав“, „Патување“, „Пророштво“, „Бесмртност“, „Риба“, „Пред вечноста“, „Друг свет“, „Криволак“ и „Утопија“.
- Алхемија, со расказите: „Куќата на лудаците“, „Лица“, „Ѕвере“, „Паралелни ленти“, „Пријатели“, „Демонстрации“, „Алхемија“, „Просветлување“, „Пирамида“, „Водач“, „Градина“, „Чудо“, „Дидактика“, „Прогрес“ и „Катаклизма“.
- Идеална домаќинка, со расказите: „Посета“, „Нова Година“, „Мед“, „Чергари“, „Одмазда“, „Идеална домаќинка“, „Перверзни малограѓани“, „Стан“, „Капење“, „Гостин“, „Летување“, „Револуционери на ваканција“ и „Идила“.
- Ловци, со расказите: „Фотографија“, „Ловци“, „Хеликоптер“, „Мравки“, „Племе“, „Кафез“, „Купони“, „Племето смели кокошки“, „Грешка“, „Испит“ и „Благодарност“.
- Игра, со расказите: „Потонат свет“, „Жртва“, „Игра“, „Избор“, „Засолниште“, „Загуба“, „Поплава“, „Бродолом“, „Подземје“, „Заточеници на плажата“, „Сламка“, „Решение“, „Куќа“, „Затвореник“, „Пропаст“, „Одбрана“, „Цикличниот од на историјата“ и „Болница“.
- Предел, со расказите: „Јајце“, „Возење“, „Фалусоидниот питон“, „Миг“, „Средовечни жени“, „Кино“, „Дождлива година“, „Митинг на поезијата“, „Љубомора“, „Преспат“, „Играчки - плачки“, „Оган“, „Парк“, „Развод“, „Љубов во два брана“, „Предел“ и „Меѓата на светот“.
- Завештание, со расказите: „Стрелец“, „Езеро“, „Созвучје“, „Кошмар“, „Живи стихови“, „Визија“, „Бања“, „Лимонот на Хемингвеј“, „Сон и јаве“, „Убавицата и уметникот“, „Црна кутија“, „Писмо“, „Бегството и повторното раѓање на зографот“, „Завештание“ и „Изгубено сеќавање“.
- Пресоздавање, со расказите: „Тајна“, „Мртовец“, „Секцирање“, „Другар“, „Гробница“, „Самоубиство“, „Покојникот и неговата сенка“, „Дедо“, „Промена“, „Разделба“, „Пресоздавање“ и „Колиба“.
- Епилог, со расказот „Заминување“.