Механорецептор
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Механорецептор или пресорецептор — рецептор (примател) кој одговара на притисок или шинување. Овие рецептори се наоѓаат на крајот од невронот.
Механорецептори со мало, прецизно рецептивно поле се најдени на места на телото каде е потребно чувството за осет, како на пример на врвот на прстите. Механорецептори со големо и прецизно рецептивно поле се најдени на места каде не треба многу големо чувство за осет, како кај стомакот.
Функција
[уреди | уреди извор]Механорецепторите го овозможуваат осетот за допир, притисок, вибрација, проприоцепција и други. Тие можат да се поделат и врз основа на нивната адаптација. Кога еден механорецептор прима нервен стимул, тој започнува да праќа импулси или дејствен потенцијали до мозокот (колку е посилен стимулот, толку е повисока честотата). Какои и да е, невронот по некое време ќе се адаптира на константен (статичен) стимул. Рецепторите што се адаптираат брзо се наречени фазни. Оние рецептори кои се бавни во враќањето во нивната основна импулсна состојба се наречени тонични рецептори. Фазните учествуваат во осетување на текстура, вибрации и слично, додека тоничните осетуваат температура и проприоцепција.
Во преносот на нервниот стимул до мозокот, аферентниот неврон ја пренесува пораката преку синапсата во таламусот до соматосензорната кора.