Методија Нешковски
| Методија Нешковски | ||
| Роден | 23 септември 1950
Битола, | |
|---|---|---|
| Починал | 19 јануари 2011
Скопје, | |
| Занимање | гастроентеролог и универзитетски професор | |
Методија Нешковски (Битола, 23 септември 1950 - Скопје, 19 јануари 2011 ) — македонски стручњак од областа на гастроентерологијата и редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје.
Животопис
[уреди | уреди извор]Нешковски е роден на 23 септември 1950 година во Битола. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1975 година, а истата година бил вработен на Клиниката за гастроентерологија, каде ги минал сите скалила на својот стручен и академски развој, профилирајќи се во врвен гастроентеролог, познат по својата стручна и научна активност во земјата и надвор од неа. Би директор на Клиниката за гастроентерологија и продекан за настава на Медицинскиот факултет. Во рамки на македонската гастроенетерологија оставил посебен белег на полето на интервентната абдоминална ултрасонографија и болестите на панкреасот. Починал во Скопје на 19 јануари 2011 година.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Последен збор -Методија Нешковски 1950 – 2011, професор“. Утрински Весник. 20 јануари 2011, 18:10. Посетено на 2011-12-04. Проверете ги датумските вредности во:
|date=(help)[мртва врска]