Мерни листови
Мерните листови обично се наоѓаат во сноп, со означени дебелини за проверка на зјајот и отстапувања од обликот и рамноста на обработените површини. Тие се користат, на пример, кај автомобили за проверка на зјајот на вентилите или за проверка на зјајот на свеќичките. Типичен сноп на мерни листови има дебелини од: 0,95, 0,85, 0,75, 0,65, 0,55, 0,45, 0,35, 0,25, 0,15, 0,05, 0,10, 0,20, 0.4,0,00, 80, 0,90 и 1,00 мм.[1]
Мерач на зјај
[уреди | уреди извор]Мерачот на зјај се состои од 8 до 20 листа, со дебелина од 0,05 до 2 милиметри. За време на проверката, листовите се извлекуваат поединечно од рамката, а листот се провлекува во празнината, додека не се достигне дебелината на листот што одговара на зјајот.
Мерач на полупречници
[уреди | уреди извор]Мерачот на полупречник се користи за проверка на надворешни и внатрешни полупречници (радиус). Мерачот се состои од два снопа мерни листови, од едната страна за проверка на надворешните, а од другата страна за проверка на внатрешните полупречници. Контролата се врши со поставување на лизгалка со соодветен полупречник на предметот што треба да се провери. Полупречникот е правилно направен ако мерачот правилно се налегнува на предметот и меѓу нив не поминува светлина.
Мерач за проверка на чекор на навој
[уреди | уреди извор]Мерачот за проверка на чекор на навој има неколку челични листови, а секој лист има изгравиран профил со ознака за видот на навојот и неговиот чекор. Соодветниот навој е добро изработен кога мерачот точно се вклопува на профилот на навојот.[2]
Мерач на агол за острење на алат
[уреди | уреди извор]Мерачот на агол за острење на алат е мерен инструмент или мерна алатка за проверка на аглите на острење на резен алат (на пример, сврдли, длета, стругови и други резни алатки), а е направен од челична плоча на која се сечат жлебови, според кој алатот се бруси за одредени видови работа.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Мерни листови на Ризницата ?