Мери Селест
![]() Слика од 1861 од непознат автор. | |
Кариера (Британска Северна Америка) | ![]() |
---|---|
Назив: | Амазон |
Сопственик: | Џошуа Дуис, Вилијам Хенри Бигалоу и уште шест други инвеститори[1] |
Пристаниште и Регистар: | Парсборо, Нова Шкотска |
Градител: | Џошуа Дуис |
Пуштен: | мај 1861 |
Идентификација: |
МКС: JFWN[2] |
Кариера (САД) | ![]() |
Сопственик: | Џејмс Х. Винчестер (прв сопственик); Г. С. Паркер (последен сопственик) |
Пристаниште и Регистар: | New York |
Градител: | повторно изграден во Њујорк, 1872 |
Судбина: | пронајден во близина на Азурните Острови во 1872. |
„Мери Селест“ или „Небесна Марија“ (англиски: Mary Celeste) бил американски трговски брод кој бил откриен во декември 1872 година напуштен во Атлансткиот Океан. Денес не е целосно потврдено како екипажот и патниците исчезнале од бродот, иако на денот на неговото откривање времето било мошне поволно и целиот екипаж бил искусен и добро упатен во морепловството. Последното отпловување на бродот било кон Гибралтар кога бродот поминал еден месец на море и имал залиха од храна и вода за шест месеци. Целиот товар на бродот при откривањето бил недопрен, па дури и личните работи на екипажот и патниците сè уште стоеле каде тие ги оставиле. Екипажот и патниците не се повеќе никогаш видени и денес случајот со „Мери Селест“ е една од најголемите поморски мистерии во светот.
Судбината на екипажот е предмет на шпекулации од различен вид. Теориите се движат од алкохолно предозирање, преку подводни земјотреси па сè до вонземски појави. Често има и предлози кои се слични со хипотетичките објаснувања на исчезнати бродови во Бермудскиот Т риаголник. Денес, името Мери Селест често се поврзува со мистериозни бродски појави и таканаречени бродови-духови.
Хронологија[уреди | уреди извор]
- 1861 – бил изграден „Амазон“ во Нова Шкотска, Канада
- 1867 – онеспособен во бура во близина на Глејс Беј, Нова Шкотска
- 1869 – поправен и продаден на американски сопственик. Преименуван во „Мери Селест“
- 1872 – отпловил од Њујорк до Џенова на 7 ноември
- 1872 – последен запис во дневникот на капетанот од 24 ноември
- 1872 – последен запис на камен од бродот на 25 ноември
- 1872 – бродот бил пронајден напуштен на 4 декември
Посада[уреди | уреди извор]
Екипаж[уреди | уреди извор]
име | статус | националност | возраст |
---|---|---|---|
Бенџамин Бригс | капетан | Американец | 37 |
Алберт Г. Ричардсон | офицер на палуба | Американец | 28 |
Ендру Гилинг | офицер на палуба | Данец | 25 |
Едвард Хед | послуга и готвач | Американец | 23 |
Фолкерт Лоренсон | морепловец | Германец | 29 |
Ариан Мартенс | морепловец | Германец | 35 |
Бој Лоренсон | морепловец | Германец | 23 |
Готлиб Гондесхал | морепловец | Германец | 23 |
Патници[уреди | уреди извор]
име | статус | возраст |
---|---|---|
Сара Елизабет Бригс | жена на капетанот | 31 |
Софија Матилда Бригс | ќерка на капетанот | 2 |
Наводи[уреди | уреди извор]
Додатни информации[уреди | уреди извор]
- The Saga of the Mary Celeste: Ill-Fated Mystery Ship, Stanley T. Spicer - ISBN 0-88999-546-X
- The Bermuda Triangle Mystery Solved, Lawrence David Kusche - ISBN 0-87975-971-2
- Ghost Ship: The Mysterious True Story of the Mary Celeste and her Missing Crew, Brian Hicks - ISBN 0-345-46391-9
- The "Mary Celeste", John Maxwell - ISBN 87-15-01118-6
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Мери Селест“ на Ризницата ? |
- Слики и видео за Мери Селест
- Project Gutenberg – Капетанот на Полстар од Сер Артур Конан Дојл Архивирано на 10 октомври 2008 г.
- Откривање на бродот на BBC
- Слики и видео за бродот на NUMA Архивирано на 14 мај 2008 г.
- Изјавата на Џ. Хабакук Џефсон од Сер Артур Конан Дојл Архивирано на 10 мај 2011 г.
- Film "Бродот фантом" (1936) на Archive
- Вистинската приказна за Мери Селест на Smithsonian Networks Архивирано на 1 февруари 2008 г.