Машинист (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Машинист (англиски: The Machinist) е шпанско-американски филм од 2004 година, во режија на Бред Андерсон. Главните улоги ги играат: Кристијан Бејл и Џенифер Џејсон Лej.

Содржина[уреди | уреди извор]

Тревор Резник страда од долготрајна несоница и повеќе не е сигурен што е реалност, а што халуцинација. Затоа, тој си пишува потсетници на самиот себе и ги лепи насекаде низ станот. Се однесува необично и физички пропаѓа, поради што колегите од фабриката го гледаат со сомнеж. Тие го убедуваат дека е виновен за несреќата во која еден работник останал без раката, но Тревор е сигурен дека некој сака да му наштети. Затоа, тој започнува истрага со цел да го пронајде вистинскиот виновник за несреќата.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Машинист“, Антена, број 874, 27.3.2015, стр, 27.