Мастика (пијалак)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Струмичка мастика
Казани за печење мастика во фабриката на „Грозд“ Струмица

Мастиката е високоалкохолен анасонов напиток. Се консумира како многу ладна. Согласно нормативната база, мастиката е[1] алкохолен пијалак со минимална содржина на алкохол од 47 проценти %, која што е добиена прекку ароматизирање на етилов алкохол од земјоделски производ со анетол, изолиран преку ректификација на етерични масла од ѕвездовиден анасон (Illicium verum), зелен анасон (Pimpinella anissum), морач (Foeniculum vulgare) или од друго растение, кое што ја содржи истата основна ароматна состојка во количество не помалку од 2,5 g/l, шеќер не помалку од 40 g/l, со додавање или без додавање на мастиково масло и/или ароматен дестилат и има специфични органолептични одлики.“

Со додавање на вода или коцка мраз мастиката добива светлосина боја ѝ, затоа што растворливоста на етилалкохолот или етанолот се намалува. По истата причина со силно ладење атанолот кристализира. Мошне популарен е коктелот од мастика и мента (наречана често „мента“), познат како „облак“ (на таа комбинација е возможно да се додава и течна павлака).

Други пијалаци со вкус на анасон (анетол) се грчкото „Узо“, фрaнцускиот „Перно“, „Рикар“, „Пастис“, шпанското „Анисадо“, италијанската „Самбука“, турската „Јени Ракија“.

Многу луѓе мислат, дека пијалаците со анасон се во суштина исти. Вистината е дека тие се многу слични, но постојат минимални технолошки разлики со малку примеси, коишто создаават минимални разлики меѓу различните видови пијалаци.

Наспроти сличностите, мастиката не треба да се меша со традиционалната анасонова ракија (анасонка), која што е класичен дестилат на ракија (вид ракија, како што се различните овошни ракии како сливова, крушева, лозова), кои вклучуваат анасон.

Мастиката во Македонија[уреди | уреди извор]

Струмичка Мастика

Мастиката во Македонија има долга традиција и според некои кажувања, овој пијалак на овие простори се произведува веќе три века. Најдобрата мастика се пече во Струмичкиот регион. Струмичани тврдат дека се прави исклучиво од природни суровини, односно од вински дестилат, анасон и багремов мед. Во минатото се вршени испитувања, кои покажале дека конзумирањето мастика во умерени количини помага во уништувањето на хеликобактери. Од 1990 година струмичката мастика е заштитена како национален бренд[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Наредба за определенията на видовете спиртни напитки, видовете суровини и технологични операции, правилата за производство на спиртните напитки, разрешените добавки и условията за използването им, ДВ бр. 68 от 2006 г.
  2. „Мастика, узо или раки? | Balkon3“. Balkon 3. 2016-05-02. Посетено на 2017-08-25.