Маска на срамот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Маска на срамот од Нова Англија, литографија од 1885 г.
Маска на срамот од XVIII век поставена во Брандербуршкиот музеј, Берлин
Шкотска маска на срамот од XVI век. уметничка галерија и музеј Келвингроув, Глазгов, Шкотска.
Маските на срамот во Шкотска се користеле за казнување на клевета, пцуење, вештерство или ерес.
Маската на срамот на кардиналот од Сент Ендрујс
Маски на срамот од XVII век во Данфермлин

Маска на срамот — справа за мачење, јавно понижување и казнување претежно на жени.[1] Справата била железен нарилник со прикачена железна рамка која ја обиколувала главата. Се користела узда, долга 6 см и широка 3 см 2, која го притискала јазикот одозгора.[2] Во некои случаи уздата била со боцки па така доколку претстапничката го мрдала јазикот и нанесувала болка, сошто се оневозможувал говорот.[3] Жените кои биле сметани за вештерки, биле приморани да носат маски на срамот прцврстени на нивните глави.

Потекло и намена[уреди | уреди извор]

Првпат забележани во 1567 г. маските на срамот се користеле и во Англија, каде и не биле легално одобрени како вид на казна. Црковното тело и баронските судови во Шкотска изрекувале вакви казни претежно на претапниците од понежниот пол и жени за кои се сметало дека се „груби“ или „досадни“ или пак „јавни кавгаџики“.[4][5] Ставањето на маски на срамот (во Шкотска и Северна Англија)[6][7] било осмислено како праведна казна за „зајадливки“ или „кавгаџики“, жени од пониските слоеви чиј говор бил осудуван како „бунтовен“ или „проблематичен“,[8] често и жените осомничени за вештерство со што се спречувал говорот. Од овде и потекнува другото име 'Узда за озборувачки'

Но справата се користела и за извршување на телесни казни при други прекршоци, најмногу на жени кои живееле во работните домови. Личноста која се казнувала била изнесувана на јавно место за дополнително понижување и понекогаш тепана.[9]Иако најчесто се користеле на жени има случаи во кои се користеле на мажи.

Кога маската на срамот се поставувала на главата на „оговорачите“, истите биле шетани низ градот за да се покаже нивниот прекршок или дека се караат постојано. На овој начин со понижување се очекувало истите да се „покајат“ за нивните „бунтовни“ дела. Шилец на уздата спречувал каков и да било говор бидејќи каво и да било говорење ќе предизвикало пробушување на јазикот.[6] Кога се носела справата,било невозможно за жената да заспие, јаде или зборува.[10]

Во Шкотска, маските на срамот се прикажувале во јавноста со прикачување на пример на пазарните крстови и градските куќи. Потоа, започнувал ритуалот на понижување, со престапникот во центарот на вниманието на пошироката јавност. Прикажувањето на маските во јавноста служело како потсетник на народот за последиците од секое несоодветно однесување. Без разлика дали личнпста била јавно шетана или само одведена до одредено место за казнување, процесот на понижување и очекуваното покајување биле подеднакво исти. Времето потребно да се маскаѕта го одредувале црковните тела во Шкотска или месниот управник.[10]

Жените квејкери биле понекогаш казнувани со маски на срамотпоради проповедање на нивната доктрина на јавни места.[11]

ѕидните оглавници биле со слична намена како и столбовите на срамот, но не го попречувале престапникот да говори. Најчесто се користеле во Англија и Шкотска во XVI и XVII век.[6]

Новиот свет[уреди | уреди извор]

Маската на срамот не се употребувала во Новиот свет, сепак Олауда Еквијано забележал дека истата се користи за контрола на робовите во Вирџинија во средината на XVIII век. Мажите и жените биле ставани во греди како казна подеднакво.[5]

Германија[уреди | уреди извор]

За време на 1500-тите маската се проширила и во останатите европски земји, вклучувајќи ја и Германија. Некои од маските на срамот имале ѕвоно за да го привлекуваат вниманието на пошироката јавност, со што се зголемувало понижувањето. се користела се до раните 1800-тини години како казна во германските работни домови.[10]

Историски примери[уреди | уреди извор]

Во 1567 г., Беси Телфер го исклеветила Бејл Томас Хантер во Единбург, велејќи дека користел погрешни мерки. Била осудена да носи маска на срамот и да биде ставена на крстот во период од еден час.[12]

Две маски на срамот биле купени за употреба од властите на градот Волсол во XVII век, но не е јасно што се случило со истите или пак дали биле искористени.[6]

Во Волтон на Темза, во Англија, стои во постановка во црквата маска на срамот од 1633 г., со натписот „Честер му дава на Волтон срамна маска за да ги затне жените што многу дрдорат“. Приказната е дека некој си Честер загубил богатство поради озборувањето на некоја жена, па на градот му подарил справа за мачење од чиста лутина и гнев.

Во Болтон ле Мурс Ланкашир се користеле сè до 1856 г.[5]

Во литературата[уреди | уреди извор]

Маската на срамот (The Scold's Bridle)е насловот на романот на Минет Волтерс, каде маската ан срамот е главниот заплет.

Страсна глина (Impassioned Clay) е роман на Стиви Дејвис. Во градината на главниот лик е пронајден скелет на жена од XVII век, трупот бил закопан со маска на срамот на лицето.

Маската на срамот се споменува и во книгата Тројца мажи во чамец (Three Men in a Boat) од Џером К. Џером. Се однесува на маската која е на постановка во црквата во Волтон на Темза, шегувајќи се за недостигот на железо, или дека железото не е доволно цврсто за да го замолчи женскиот јазик, и поради тоа не е повеќе во употреба.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]