Марко Крале и Ѓемо Брѓанин

Од Википедија — слободната енциклопедија

Марко Крале и Ѓемо Брѓанин (српски: Марко Краљевиһ и Ђемо Брђанин) - српска епска (јуначка) песна. Песната прв ја запишал Вук Караџиќ, кој ја слушнал од ајдукот Тешан Подруговиќ.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Крале Марко прави слава во чест на св. Ѓорѓи на која се присутни 200 попови, 300 калуѓери, 12 владици, четворица патријарси и многу други гости. Кога еден стар калуѓер му бара риба од Охридското Езеро, Крале Марко заминува на пат, но мајка му го моли да не носи оружје. На патот кон Охрид, на еден мост, Крале Марко среќава непознат јунак, кој му кажува дека го бара токму него со намреа да го обеси, зашто му го убил брат му Муса Кесеџија. Крале Марко му го открил својот идентитет и почнал да бега, но Ѓемо Брѓанин го фатил, го врзал и однел во Охрид за да го обеси. Граѓаните на Охрид го молат Ѓемо да не го беси Крале Марко во нивниот град, зашто тоа ќе им донесе несреќа и му даваат пари за да си оди. Ѓемо оди во Вучитрн, но и таму се случува истото. Потоа, тој оди во Звечан, но и тамошните граѓани го молат да си оди. Така, Ѓемо го носи Крале Марко преку планината, а Марко му кажува дека во близината има меана во која служи Јања. Таа го служи Ѓемо со старо вино во кое става разни билки и така го опива, овозможувајќи му на Марко да се ослободи и да го врзе Ѓемо. Потоа, тој оди во Звечан и во Вучитрн и на граѓаните им ги враќа парите. Кога пристигнуав во Охрид, повторно им ги враќа парите на граѓаните, прави бесилка за Ѓемо, купува риба и се враќа во Прилеп за да ја продолжи славата.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. В.Ђ., „Поговор - О певачима“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 488.
  2. Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 213-218.