Марија Накова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Проф. д-р Марија Накова.jpg
Родена 1946
Радовиш, Македонија

Проф. Д-р Марија Накова (1946, Радовиш) е истакнат македонски стоматолог, специјалист по болести на устата и забите, прв доктор по стоматолошки науки во Македонија[1], редовен професор на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и претседател на Стоматолошката комора на Македонија

Кариера[уреди | уреди извор]

Проф. д-р Марија Накова е родена во 1946 година во Радовиш. Дипломирала на Стоматолошкиот факултет во Скопје во 1971, а во 1975 се здобила со звањето „специјалист по болести на устата и забите“. Со научниот степен „магистер по стоматолошки науки“ на Медицинскиот факултет во Скопје се здобила во 1976 г. а во 1980 г., била промивирана како прв „доктор по стоматолошки науки“ во Македонија.

Сознанијата од подрачјето на професионален интерес - прогресивна пародонтопатија, ги збогатила преку студијски престои (Турку, Финска), кај експертот за пародонтопатија Проф. Paunio Keyo.

Редовен професор на Катедрата за болести на устата и пародонтот е од 1992.

Учествувала или била роководител во реализацијата на три научноистраживачки проекти.

Во периодот 1992-1998 г. била продекан, а од 1998 г. до сега, била избирана за декан на Стоматолошкиот факултет во три мандати. Во 2002 г. била иницијатор и реализатор на додипломски студии за стручни забни техничари и стручни стоматолошки сестри.

Била член на Редакцискиот одбор на првото издание Македонска стоматолошка библиографија (1989) по повод 35-годишнината на Стоматолошкиот факултет и главен уредник на нејзиното второ издание (2004), посветено на 45-годишниот јубилеј на Факултетот. Била уредник на едицијата „Галерија на кадрите на Стоматолошкиот факултет (1959-1999)“, објавена по повод 40-годишниот јубилеј на Факултетот. Во периодот 1997-2000 г. била главен и одговорен уредник на стручното списание Македонски стоматолошки преглед, а истата функција ја обавува и денес.

Автор е на монографијата „За стоматолошката болка“ (1998) и на учебниците „Основи на оралната физиологија и биохемија“ (2002) и „Орална патологија“ (2003).

Добитник е на највисоки признанија и награди.[2][3][4].

Наводи[уреди | уреди извор]