Марија Зужелова
Марија Зужелова | ||
Родена | 13 ноември 1948 Скопје, Република Македонија | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Позната | стоматолог и професор | |
Занимање | специјалист по ортодонција |
Марија Зужелова (р. 13 ноември 1948, во Скопје) — македонска докторка - стоматолог и професор на Стоматолошкиот факултет во Скопје, Р Македонија.
Животопис
[уреди | уреди извор]проф. д-р Марија Зужелова е родена на 13. ноември 1948 година во Скопје. Средно образование завршила во Училиштето за забари и забни техничари во Скопје во 1967 година. На Стоматолошкиот факултет во Скопје дипломирала во 1973 година. Со звањето специјалист по ортодонција се здобила во 1977 година.
Во 1983 година, на Стоматолошкиот факултет во Скопје, проф. Зужелова го одбранила магистерскиот труд под наслов “Рендгенкраниометриска анализа на фацијалните и кранијалните варијации во етничките групи” и се здобила со научниот степен магистер на стоматолошки науки од областа ортодонција. Со одбраната на докторската дисертација на Стоматолошкиот факултет во Белград, под наслов “Рендгенска кефалометриска проучавања линеарних и ангуларних димензија назолабијалних структура код особа са нормалном оклузијом и малоклузијом II/1 и III класе” се здобила со научниот степен доктор на стоматолошки науки од истата област.
Во 1973 г., како стипендист на Заедницата за научни дејности, темата “Смена на забите како фактор за оклузални неправилности” ја изработила на Клиниката за ортодонција. Првото вработување на проф. Зужелова било во 1974 г., на Клиниката за ортодонција при ООЗТ Стоматолошки клиники. Во 1977 г. била избрана во звањето помлад асистент на Катедрата за ортодонција при Стоматолошкиот факултет во Скопје, а во 1979 г. била избрана за асистент. Во 1982, 1985 и 1989 била преизбирана во истото звање. Изборот за доцент на проф. Зужелова бил извршен во 1990 г. а за вонреден професор била избрана во 1995 год, а во 2000 година била избрана во звањето редовен професор.
Како стипендист на Заедницата за меѓународна техничка соработка на Берлинскиот сенат, била на едногодишен студиски престој во Берлин, тогашна Западна Германија.
Според податоците со кои располагаме, публицистичкиот опус на професор Зужелова опфаќа над 100 статии кои се објавени во домашни и во странски публикации.
Проф. д-р Марија Зужелова била раководител на Клиниката за ортодонција при ООЗТ Стоматолошки клиники во Скопје во периодот 1996 до 1998. Во 1999 г. била повторно назначена за раководител на Клиниката за ортодонција. Проф. д-р Зужелова била и раководител на Катедрата за ортодонција при Стоматолошкиот факултет во Скопје.
Проф. д-р Марија Зужелова била учесник во изработката на научноистражувачкиот проект под наслов “Состојбата на оралното здравје и потребниот третман на населението во СР Македонија преку примената на базичните критериуми на Светската здравствена организација” чии резултати биле објавени во 1990 г.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Проф. д-р Зужелова Марија – Стоматолошки факултет – Скопје“. Посетено на 2020-10-01.[мртва врска]