Марбански јазик
| Марбански јазик | |
|---|---|
| Аумејнански јазик | |
| Застапен во | Чад |
| Говорници | 150 (2006) |
| Јазично семејство | |
| Јазични кодови | |
| ISO 639-3 | mpg |
Марбанскиот, или познат и како азумејнански јазик, е масански јазик, од групата на чадски јазици од семејството на афроазиски јазици. Јазикот е мајчин јазик на Марбанците (Азумејнанците) кои живеат во Чад. Јазикот го зборуваат нешто помалку од 150.000 луѓе според податоците од 2006 година.
Опис
[уреди | уреди извор]Марбанскиот јазик се зборува во департманот Тандиле Уест во регионот Танџиле во југозападен Чад. Исто така, јазикот се зборува во Леу-Мбаса во департманот Кабија во регионот Мајо-Кеби Ест, исто така во Чад. Во историјата јазикот се именувал и како азумејнански, но самиот народ го именува јазикот како марбански (марба).
Марбанскиот со код [mpg][1] е класифициран како масански јазик,[2] подгрупа на чадските јазици[3] од јазичното семејство на афроазиски јазици.[4][5][6][7]
Распространетост
[уреди | уреди извор]Јазикот го зборуваат следниве групи: Марба (Марбанци), Колон (Колонци) и Лео (Леонци). Секоја од овие групи се поделени на неколку кланови.Името на кланот е често и името на главното село на кланот. Денес, голем број Марбанци живеат надвор од нивните традиционални живеалишта, па така на пример има значајна заедница на Марбанци во Нџамена.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Marba“. Ethnologue. Посетено на 2015-10-17.
- ↑ „Masa“. Ethnologue. Архивирано од изворникот на 2015-11-17. Посетено на 2015-10-17.
- ↑ „Chadic“. Ethnologue. Посетено на 2015-10-17.
- ↑ Newman, Paul (1977). „Chadic classification and reconstructions“. Afroasiatic Linguistics. 5: 1–42.
- ↑ Blench, Roger (14 November 2006). „The Afro-Asiatic Languages: Classification and Reference List“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2024-12-03. Посетено на 15 October 2015.
- ↑ „Tchad - Carte linguistique“. www.muturzikin.com. Посетено на 4 December 2014.
- ↑ „Glottolog 2.6 - Marba“. glottolog.org. Посетено на 15 October 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Марбански јазик на „Етнолог“.