Манон Леско
Автор | Антоан Франсоа Прево |
---|---|
Изворен наслов | L'Histoire du chevalier des Grieux et de Manon Lescaut |
Земја | Франција |
Јазик | француски |
Жанр | новела |
Издадена | 1731 |
Манон Леско (француски: L'Histoire du chevalier des Grieux et de Manon Lescaut) — новела од францускиот писател Антоан Франсоа Прево, објавена 1731 како седми и последен дел од Сеќавањата и авантурите на способниот човек. Новелата ја сметале за контроверзна и била забранета во Франција по нејзиното издавање. И покрај ова, станала многу популарна и широко се раздавале пиратски примероци од книгата. Во изданието од 1753, Прево испуштил некои скандалозни детали и внел повеќе етички елементи.
Содржина
[уреди | уреди извор]Дејството се одвива во Франција и во Луизијана во почетокот на 18. век, а приказната го следи главниот лик Шевалие де Грие, и неговата љубовница Манон Леско. Де Грие потекнува од благородно и имотно семејството, но го губи правото на наследство, што го разочарало татко му, и затоа побегнал со Манон. Во Париз, младите љубовници уживаат во благодетите на животот, а де Грие се бори да ја задоволи потребата на Манон за луксуз. Тој моли за пари со задолжување од блискиот пријател Тиберж, и со мамење на коцка. Во неколку наврати, богатство на де Грие исчезнало (од кражба, пожар во куќата, итн), поради што Манон го остава за побогат човек, бидејќи таа не може да си замисли да живеат во сиромаштија.
Двајцата љубовници завршиле во Њу Орлеанс, каде Манон е депортирана како проститутка, каде што се преправаат дека се во брак и живеат во идиличен мир некое време. Но, кога де Грие му открил на гувернерот на Њу Орлеанс дека нивниот брак е лажен и побарал да се венча со Манон, внукот на гувернерот сака да го освои срцето на Манон. Во очај, де Грие го предизвикува внукот на гувернерот на двобој и го онесвестува. Мислејќи дека го убил човекот и плашејќи се од одмазда, двојката го напушта Њу Орлеанс и се засолнува во пустина во Луизијана, со надеж дека ќе најдат англиска населба. Манон умира од умор и исцрпеност следното утро, а по закопување на својот сакан, Тиберж го враќа де Грие назад во Франција.
Литература
[уреди | уреди извор]- „Prévost (d'Exiles, Antoine François), Abbé“. Encarta (2004. изд.). 2003.
- „Prévost d'Exiles, Antoine-François, Abbé“. Encyclopædia Britannica (2005. изд.). 2005.
- Brewer, E. Cobham (1898), Dictionary of Phrase and Fable, Philadelphia, Pennsylvania: Henry Altemus Company
- Kunitz, Stanley J. & Colby, Vineta (1967). François Prévost, Antoine in European Authors 1000-1900, pp. 743–4. H.W. Wilson Company, New York.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Full texts at Project Gutenberg in the original French and in an English translation
- Manon Lescaut Архивирано на 14 ноември 2006 г. on World Wide School
- Images from an illustrated 1885 French edition
- (француски) Manon Lescaut, audio version