Манас (река)
Манас | |
---|---|
Манас на границата на Бутан | |
Manas River drainage basin | |
Изворно име | মানাহ নদী |
Местоположба | |
Физички особености | |
Должина | 376 kiloметарs (234 ми) |
Особености на сливот | |
Речен слив | Брамапутра |
Манас е меѓународна река во подножјето на Хималаите меѓу Бутан и Индија. Името го добила по Манас, бог на земјата во хиндуистичката митологија. Извира на јужните падини на Хамалаите и претставува најголем речен систем во Бутан. Должината на реката е 376 км, од кои 272 км тече низ Бутан, а 104 км низ индиската сојузна држава Асам. Се влева во реката Брамапутра кај градот Јохихоп во Индија. Во долината на реката постојат два големи резервати: Кралскиот национален парк Манас, создаден 1966 година, кој се простира на 43.834 хектари и Националниот парк Манас создаден 1955 година, кој се простира на 391.000 хектари. Во него постои резерват за тигри и слонови кој се дел од светското наследство на УНЕСКО од 1955 година.
Вкупниот слив на реката опфаќа површина од 41.350 км2 во Бутан и Индија. Кури Чу или Лобрак е главна притока на реката Манас. Таа е единствената река која извира северно од Големите Хималаи и се влева во Манас на југот на Бутан. До неа се поголемите притоки Тонгс Чу и Бумтанг. Вкупната должина на реката е 376 км.
Долината на реката во долниот речен тек во подножјето, е опкружена со мали ливади кој се наоѓаат меѓу густо листопадните ридови и многу реки, потоци и природни одводни канали кои се влеваат во Манас. Во долниот тек на реката, постојат многу мазна песочна површина прекриена со дрвја. Манас е планинска река. Надморската висина на која тече реката варира од 100 метри во близина на индиската граница до 7.500 метри на Хималаите. Голем распон во надморската висина и разновисни климатски услови овозможуваат богата флора и фауна во сливот на реката.
Климата варира, од топли и влажни суптропски услови на југ, од ладни и суви алпски услови на север. Од мај до октомври на југ, монсун носи обилни дождови, повеќе од 4.000 милиметри дожд. Понатаму на север, измерен е многу мал од 600 до 700 милиметри дожд од период од јуни до август. Разликата меѓу максималниот и минималниот протокол на реката е забележан во текот на монсун и сувите месеци тоа се разликува и до 20 пати. Реката Манас има просечен проток 7.641 m3/s.