Манастир Калениќ
Манастир Калениќ | |
---|---|
![]() | |
Основни податоци | |
Место | Калениќки Прњавор, Општина Рековац |
Припадност | Српска православна црква |
Манастирот Калениќ е женски манастир на Српската православна црква, кој припаѓа на Шумадиската епархија. Тој се наоѓа во близина на Рековац и 12 од селото Опариќ. Посветен е на Воведението на Богородица.[1]
Манастирот претставува недвижно културно наследство како споменик на културата од исклучително значење.
Никон Лазаревиќ бил старешина на манастирот од 1910 до 1944 година.
Историја[уреди | уреди извор]
Калениќ е завештание на протовестарот Богдан, угледниот благородник на деспотот Стефан Лазаревиќ. Црквата била изградена и живописана помеѓу 1407 и 1413 година. Напуштен е кон крајот на 17 век; го обновиле кон средината на 18 век монасите од Морача. Старешини на манастирот биле: Самуило Јаковљевиќ, Пајсије Раденковиќ, Гаврило Миљковиќ, Макарије Јеремиќ, Леонтије Цветиќ.
Архитектура и живопис[уреди | уреди извор]
Според ликовните вредности, манастирот се вбројува помеѓу најзначајните споменици на културата во Србија. Моравската црква, богатодекорирана однадвор, фреските спаѓаат меѓу најдобро зачуваните животописни остварувања во 15 век.
Основата на манастирот е триконхос од концизен тип со една купола; има припрат со слепа купола. Се вели дека Калениќ е најраскошниот манастир во моравски стил, кој се карактеризира со богата архитектонска камена пластика и наизменично редење на камен и тула. Што се однесува до ѕидните декорации и фреските, застапени се вообичаените мотиви, како што се големите празници, земниот живот на Христос и неговите чуда, како и циклусот на апокрифните житија на Богородица во припрати, во кој сенаоѓа и ктиторската композиција - протовестирот Богдан заедно со сопругата Милица и братот Петар му приоѓаат на деспотот Стефан.
Во периодот меѓу 1928 и 1930 година година извршено е големо стручно обновување на манастирот.
Сабори[уреди | уреди извор]
Во манастирот традиционално секоја година се одржува Саборот „Го поминав Левац, ја поминав Шумадија“, (српски јазик: Саборот „Проѓох Левац, проѓох Шумадију“) под покровителство на Министерството за култура на Република Србија и општината Рековац.[2][3][4][5]
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Манастир Каленић (сајт шумадијске епархије)
- ↑ Завршен сабор Прођох Левач, прођох Шумадију- Радио ТВ Војводина, Посетено на 12. 4. 2013.
- ↑ Прођох Левач, прођох Шумадију « Глас Крагујевца[мртва врска], Посетено на 12. 4. 2013.
- ↑ [https://web.archive.org/web/20150926090624/http://www.spc.rs/sr/prodjoh_levach_prodjoh_shumadiju Архивирано на 26 септември 2015 г. Прођох левач, прођох Шумадију | Српска Православна црква [Званични сајт]], Посетено на 12. 4. 2013.
- ↑ Прођох Левач, прођох Шумадију“, od 30. jula do 07. avgusta 2011. godine « ТОС Архивирано на 17 септември 2011 г., Посетено на 12. 4. 2013.