Маладини - Италијанецот

Од Википедија — слободната енциклопедија

Маладини - Италијанецот ( 1909 во Италија13 ноември 1944 во Скопје) — италијански партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Во средината на септември 1944 година, кога Дванаесеттата македонска ударна бригада го извршила успешниот напад на железничката станица во Зелениково на Германскиот транспортен воз, во паниката настаната во редовите на Германците, голема група заробеници успеале да побегнат од транспортот. Меѓу нив бил Русинот Иван Колосенко, група Чехословаци и Италијани меѓу кои и Маладини, Никола, Пасорели, Алберто и други воени заробеници, кои веднаш стапиле во редовите на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Маладини, набргу се истакнал како мошне примерен борец. Бил учесник во двомесечните борби против балистите и Германците. Посебно се истакнал во борбите кај селото Соње, Водно и во околината на Треска. На 13 ноември 1944 година, учествувал и во уличните борби за ослободување на Скопје. По заземањето на повеќе значајни објекти, во борбата за преземање на Учителската школа, храбро загинал при спасување на еден ранет соборец.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 209. На |first= му недостасува |last= (help)