Макијато

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Макијато

Кафе макијато (италијански: Caffè macchiato), понекогаш нарекувано и еспресо макијато[1][2]пијалак од еспресо со малку млеко, односно денес со малку млечна пена. На италијански macchiato значи „испрскано“, „со дамки од“, така што буквалниот превод на макијатото би бил „испрскано кафе“ или кафе со дамки од млеко.

Историја[уреди | уреди извор]

Традиционално, макијатото се прави со една доза еспресо и мала количина млеко (дамката). Сепак, подоцна оваа „дамка“ почнува да се прави од млечна пена којашто се става на врвот за да се види дека пијалакот има млеко. Всушност, макијатото на португалски се вика café pingado, што значи „кафе со капка“, реферирајќи на капката млеко[3].

Причината поради којашто овој пијалак си добил свое име е тоа што баристите сакале да им покажат на келнерите дека има разлика меѓу еспресо и еспресо со многу малку млеко во него.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Milk Frothing Guide", CoffeeGeek, 13 June 2012
  2. "Espresso Macchiato", Starbucks Coffee Company, 13 June 2012
  3. „How to order coffee in Portugal“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]