Македонска мафија
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Македонска мафија |
---|
Македонската мафија претставува организација која се состои од нелегални улични банди и криминалци кои работат во Република Македонија и во македонската дијаспора.
Македонските криминалци работат главно во Европа и Северна Америка (земји како што се Германија, Австрија, САД, Канада, Монако, Италија, Франција, Шпанија, Турција, Грција, Швајцарија, Англија, Србија, Црна Гора, Косово и Бугарија. Организациите главно имаат создадено врска со локалните организирани криминални групи, како и со балканските или источноевропските земји.
Како главни соработници на македонските криминални групи се оние од соседството, како српската, бугарската и албанската мафија а македонските криминални групи соработуваат и со италијанската и руската мафија која врска е преку Бугарија. Главниот бизнис на припадниците на овие групи се темели на шверцот, увозот и извозот, трговијата со дрога, изнуда, трговија со оружје, измама, кражба на автомобили, рекетирање, коцкање, трговијата со луѓе, убиство, договор за убивање, проституција и перење пари. Македонскиот организиран криминал исто така е вклучен во безбедносните компании посебно во источните делови на земјата. Македонскиот организиран криминал во Австралија и Канада е доминантен кај младите.
Слично како и соседните криминални групи, и македонските се служат со користење на безбедносните групи за заштита на нивните бизниси, налагање на својата моќ и елиминирање на конкуренцијата. Овие безбедносни групи обично се составени од поранешни воени, специјални сили, боречки уметници и бодигарди. Како најпогодни места за собирање на овие групи се локалните ноќни клубови
Криминалните групи се вклучени во политичкиот живот на земјата, а честопати во текот на истоpијата на земјата вршеле и обезбедување на највисоките членови од политичкиот живот.
Овие групи биле посебно вклучени по прогласувањето на независност на Македонија и нејзината транзиција и приватизација на општествениот капитал.
Извадок од текстот за извештајот на Глобалната Иницијатива Против Организираниот Криминал во Македонија и регионот објавен во 2019 година.
Во делот на граничните премини на македонска територија се издвојуваат два: Богородица на границата кон Грција и Јажинце, во близина на Тетово кон Косово.
Извештајот го одбележува преминот Богородица како „транзитна точка за трговија со дрога: особено за хероин кој доаѓа во регионот; како и за канабис кој се шверцува од Албанија кон Грција и Турција.“
Преминот Јажинце, „се смета за хотспот за трговија со различни стоки“.
Недалеку од официјалниот граничен премин се наоѓа и илегална рута која криминалните групи ја користат за шверц со камиони, трактори и коњи; се наведува во извештајот. За одбележување е дека интервјуто со поранешниот полицаец било водено во ноември 2018 година.
Во делот на градовите како жаришта на организираниот криминал, во Северна Македонија се издвојуваат Скопје, Велес, Штип и Кочани.
Според извештајот на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал, „главните криминални групи во Скопје се контролирани од етнички Албанци. Најчестите форми на организиран криминал се трговија со дрога, кражба на возила, шверцување мигранти, како и легални бизниси кои овозможуваат транспорт за шверцот, како и можност за перење пари“.
„Трите главни криминални групи кои оперираат во регионот: од селата Арачиново, Кондово и Грчец, уживаат политичка заштита“, заклучува организацијата во извештајот.
Велес, пак, се смета за една од главните крстосници на трговијата со дрога на Балканот. Според наодите на извештајот, во градот се врши размената на хероин за канабис меѓу криминални групи од Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Грција. Имено, токму тука се пресекуваат патиштата на хероинот кој преку Македонија транзитира кон западна Европа, и канабисот од Албанија кој се транспортира кон Грција и Турција.
„Интересно, официјалниот број на запленета дрога е многу низок, како што е ниска и стапката на криминал. Тоа сугерира степен на дослух или бенигно занемарување од страна на полицијата и политичарите“, заклучува извештајот. Не случајно, се наведува понатаму, во Велес се роди т. н. Франкфуртска мафија - еден од најголемите шверцерски прстени во Германија, и трговија со хероин во Виена.
„Во своето „златно време“, неколку стотици млади луѓе од Велес (најчесто со бугарски пасоши) продаваа дрога на улиците во Австрија и Германија. Дел од профитот од овие илегални активности најверојатно беа 'испрани' во велешките дискотеки, кафулиња, ресторани, како и во туризмот, хотелиерството и обложувалници.“
Штип, како трет на листата на жешки точки, има директна поврзаност со Велес, а притоа е сместен на главната хероинска рута.
„Штип е сместен на коридор на поли-криминална активност, во најголем дел контролирана од етнички Македонци. Илегалната активност вклучува трговија со дрога, шверц на цигари, како и рекет и изнуда преку приватни компании за обезбедување“.
И Кочани ја дели судбината на Штип во однос на местоположбата, и од него најчесто се шверцуваат цигари и канабис.
„Се верува дека групи од Кочани имаат блиски врски со криминални групи од Бугарија. Се смета дека пред неколку години, криминалните групи таму оперираа толку слободно што криминалните 'босови' формираа 'агенции за обезбедување' кои им наметнаа 'данок' на сите продавници во градот кој изнесуваше меѓу 30 и 50 евра месечно. На оние кои одбиваа да платат им беа запалени возилата, а продавниците демолирани. Заканата од нив беше намалена по акцијата Детонатор на македонската полиција во 2012 година.“
Што се однесува во регионалната прекугранична поврзаност на криминалот, во тој дел се издвојува тромеѓето меѓу Северна Македонија, Косово и Србија кој е претежно населен со етнички Албанци. Најголеми градови во регионот се Куманово и Тетово. Тромеѓето беше клучна точка за трговијата со нафта кон Србија и Црна Гора во времето на ембаргото на почетокот на 1990-те години. Денес, шверцот се состои од стока, храна, злато, цигари и дрога. Трговијата со дрога во најголем дел го опфаќа албанскиот канабис кој потоа преку Прешевската долина се шири на север или југ, хероин кој доаѓа од Турција и Бугарија, како и кокаин од Србија. Според некои проценки, во регионот се произведува и препакува и хероин, кој потоа оди директно за Швајцарија. Постојат сомнежи дека во регионот на Тетово се произведуваат и синтетички дроги, откако во 2017 година беше откриена илегална лабораторија и беа запленети 300 килограми амфетамински пилули. Од 2014 година, овој регион, а особено селата Ваксинце и Лојане, се и средишна точка на трговијата со мигранти. [1]
Историја
[уреди | уреди извор]Од историски поглед криминалот во Македонија започнува уште од времињата кога државата била под турско ропство, неформалните групи на банди биле Ајдуци (македонските банди) и Башибозук (турските банди) кои се бавеле со воени активности, грабежи и киднапирања и постојано војувале меѓусебе, обично групата била именувана по нивниот водач, а на територијата на Македонија присутни биле и Арнаути (албански банди) повремено.
Во периодот од 1918 до 1941 година македонскиот опиум благодарение на погодното тло и речните наноси бил меѓу најквалитетните во светот и врз основа на достапните податоци за производството и извозот се пресметало дека производителите на опиум во Повардарието помеѓу двете светски војни задоволувало 43% од побарувачката на глобалната легална преработувачка индустрија, а подоцнежната југословенско турска соработка покривала 80% од светските потреби, на годишно ниво, ова изнесувало во просек 42 тони опиум вреден 29 милиони динари, што одговарало на просечните буџетски приходи на целата т.н. Вардарска бановина па затоа денес Македонија од тој период ја нарекуваат "Балканска Колумбија", со оглед на фактот дека во кралството Југославија годишно биле шверцувани 8 до 10 тони опиум, со ова се заклучува дека речиси една четвртина од легалното производство всушност била пуштена во нелегална трговија, ако на тоа се додаде и шверцот на готовите деривати на опиум (морфин, хероин и кодеин) во САД и поврзаноста на белградските и скопските криминални организации со водечките европски мрежи за транспорт на дрога преку Атлантикот, тогаш зголемениот интерес на американската дипломатија за ситуацијата во Југославија од крајот на 1937 година станувал разбирлив, а таму трговијата со опиум ја контролирала култната Италијанско Американска Мафија, за време на војната овие канали за шверцување на опиум во САД биле отсечени а во меѓувреме контролата и приматот го преземале останатите држави кои биле конкурентни во овој бизнис, претпоставките водат до тоа дека во тој период во бизнисот со опиум учествувале и тогашните главни ликови на македонската револуционерна организација ВМРО што е интересен податок.
Подоцна во социјалистичкиот период кога државата била составен дел од Југославија, се појавуваат криминалци типични за социјалистички уредените држави во тој период кои се занимавале со нелегално коцкање, лихварење, крадење и тепачки.
Со распадот на Југославија и осамостојувањето на Македонија во 1991 година во деведесетите официјално се појавуваат формите на организиран криминал, најрано започнува шверцот со цигари во кој е вклучена и државата, а набрзо стигнуваат и трговијата со дрога (марихуана, хероин и кокаин) која ја организираат поедини банди на територијата на град Скопје а слична е приказната и за останатите градови, покрај веќе добро познатите нелегални бизниси нелегалното коцкање, лихварењето и крадењето, новонастанатите банди покрај трговијата со дрога се впуштаат и во рекет, заштнички рекет, грабежи, перење на пари и трговија со оружје, а познато е дека голем дел од нив имале конекции со полицијата и политичките партии и така биле заштитени од законот, па така со појавата на повеќе банди истовремено, се појавуваат и се почестите пресметки помеѓу ривалските криминалци и криминални групи во градовите, вклучувајќи тепачки, атентати и понекогаш невини жртви.
Во 1995 година по атентатот на претседателот Киро Глигоров, уапсен е Аслан Нуиши Пода за сомнение на Братиславската врска.
Во 1997 година од депото на МВР украдени се 28 килограми од кокаинска заплена, за што обвинет станува Петрит Аме и следи потерница.
Со војната во 2001 година започнува и бизнисот со трговија со органи а замав зема и бизнисот со трговија со оружје, во кои се вклучени албански и македонски криминалци, после војната во неколку наврати се убивани клучни албански и македонски криминалци од подземјето во деведесетите од платени убијци, а подоцна во разјаснувањето на случаите да откривање на убијците немало никогаш.
Во 2006 година при акција на полицијата каде имало запленето повеќе украдени возила, константирано е дека возилото на Дејвид Бекам украдено во Мадрид е пронајдено во Тетово.
Во 2007 година на граничниот премин Блаце во камион што превезувал канти со поликолор, полни со дрога биле запленети рекордни 486 килограми кокаин, за што Станислава Чочоровска Полетан, блиска на Жељко Ражнатовиќ Аркан и возачот добиле казна затвор од 14,3 години, вредноста на дрогата била 92 милиони евра.
Во периодот од 2008 до 2010 година се одвивала најголемата војна во подземјето во Македонија локализирана во Скопје и околијата, познато е дека Џелал Ајети Џељо со неговата група Беланоца имал конфликт со Никола Николовски Кољо Американецот и неговата група, инаку доста години претходно Џелал Ајети Џељо, Агим Шерифи и Никола Николовски Кољо Американецот биле партнери во криминални бизниси меѓусебно поврзани од страна на Фламур Аме во деведесетите, во поглед на конфликтот се започнало во март 2008 година кога Борис Мутков Фантом член на Беланоца го нападнал Кољо Николовски Американецот во Ле Гранд Казино во хотелот Холидеј Ин поради навреди кон својот познаник Борис Мутков Фантом и негов пријател додека бил пијан и се расправал со обезведувањето а Борис Фантом дошол на помош во ситуацијата, неколку денови покасно во март 2008 година Кољо Американецот се одмаздил со тепачка во кафе барот Тренд каде биле нападнати Борис Фантом и Сашо Георгиев Овца по што уште вечерта била фрлена бомба во куќата на Кољо Американецот и биле испукани рафални истрели, понатаму во јуни 2008 година во кафе барот Инсомнија дошло до тепачка помеѓу Џелал Ајети Џељо шефот на Беланоца и Кољо Американецот и членови на нивните групи и тогаш Кољо Американецот завршил со прострелна рана, покасно исто во 2008 година била запалена колата на Џељо, па била поставена бомба под колата на Агим Шерифи тогашен партнер во криминални зделки на Кољо Американецот и поранешен член на Беланоца, во јануари 2009 година Дејан Паневски Дешо член на Беланоца бил тешко ранет пред својот стан во зградата каде што живеел од страна на Бобан Ѓуроски член на екипата на Кољо Американецот, потоа во јули 2009 засекогаш исчезнал Сашо Георгиев Овца член на Беланоца за кого се зборувало дека бил бетониран, и покасно во август 2009 бил пронајден Агим Шерифи оставен мртов во локална депонија откако повеќе денови бил пријавен за исчезнат, тогаш кон крајот на 2009 година Кољо Американецот ја напуштил Македонија, во јануари 2010 година била фрлена бомба во куќата на Џељо и член на неговата група добил заканувачка порака од косовски оператор, од тогаш веќе стивнува конфликтот па во 2011 година Кољо Американецот бил уапсен за мулти милионска финансиска измама во САД, а Џелал Ајети Џељо бил убиен во 2013 година во Скопје во својот кафе бар Ролекс поради лични проблеми со одредено семејство од истата населба по што убиецот Исмаил Исмаили Абиц бил убиен за одмазда во јануари 2014 година од страна на групата Беланоца, се смета дека убиствата и нападите со бомби од страна на Кољо Американецот ги вршела група од Косово која тој ја најмил а убиствата од страна на Џељо ги вршела неговата група Беланоца која тогаш била најдоминантна во Скопје повеќе години и се занимавала со лихварство и рекет и по одредени шпекулации имала влијание и врз пазарот за хероин, битна забелешка е таа дека после убиството на Наим Ајети наследник шеф на групата Беланоца во септември 2018 година повторно се разгорела војна во скопското подземје помеѓу роднини и наследници на веќе споменатите познати криминалци од најголемиот конфликт, поконкретно објаснето помеѓу партнерската група Грчец Дуќанџик и нејзини сојузни групи и групата Беланоца во сојуз со групата од Кондово, забележливо проследена со многу жртви и низа вооружени напади во која се замешале повеќе криминални групи и според медиумите се уште била актуелна на скопските улици.[1]
Во 2010 година после апсењето на нејзините шефови згаснува и најголемата мрежа на организиран криминал во Македонија наречена Франкфурт Мафија, која се занимавала со продажба на дрога (хероин) во Франкфурт и Виена.
Во последните години како што велат безбедносните експерти, со криминалното подземје на градот Скопје владееле ривалски банди, поточно банда која ја држела територијата на населбите Сарај и Грчец, против банда која ја држела територијата на населбите Чаир, Ченто и Арачиново, во главно војувале поради територија за продажба на дрога (хероин и кокаин) и крвна одмазда, а познат бил и каналот за интернационално производство и продажба на дрога (марихуана) развиен во Струмица и Битола, овие банди неформално ја делат и државата на територии а со тоа учествувале и во помагање на балканските и европските канали во трговијата со дрога кои минуваат низ територијата на Македонија.
Во 2017 година дел од упаѓачите во Собранието, биле членови на подземјето.
Во текот на 2018 година распламтува нова војна во скопското подземје, односно продолжеток на таа помеѓу Џељо и Кољо, сега Беланоца и Барон против Грчец Дуќанџик и нивни придружни групи, престрелки и убиства се вршат секаде низ Скопје, во Косово и Грција.
Во 2020 година од фабрика за одгледување на канабис во селото Јосифово биле украдени 2 тона односно 200 кутии со марихуана, малку подоцна камионот и дел од робата биле пронајдени во селото Арачиново, години потоа имало шпекулации дека ваквите фирми работеле илегално, така што снабдувале големи држави со огромна количина дрога.
Криминални Групи
[уреди | уреди извор]Франкфурт Мафија: Најголемата и најдолготрајна организирана структура во криминалот на Македонија, шефовите од Велес преку дилери тргувале хероин на улиците во Франкфурт и Виена повеќе децении.
Грчец: Група која интернационално тргувала со кокаин.
Дуќанџик: Групата што го снабдувала поголемиот дел од Скопје долго време со кокаин и останати дроги како и лихварење и рекетирање локали извесен период.
Беланоца: Позната како најголемата лихварска група во Скопје имало рекет и дрога влијанија околу членовите.
Кондово: Окупација на оваа екипа биле рекетирањето и лихварењето исто препознатливи како политички заштитена група.
Барон: Речиси најнова група помеѓу останатите во Скопје наводно составена од припадници на екстремистички движења.
Водачи на групите и истакнати членови
[уреди | уреди извор]Име прекар | Роден/починал | Информација околу случувањето |
---|---|---|
Слободан Костовски Коле | 1953- | Битен член на белградското подземје и кокаинските рути од Латинска Америка. |
Петрит Аме | -2000 | Голема фигура во француското подземје и корелациите со тајните служби. |
Фламур Аме | Истакнат припадник на италијанското подземје. | |
Даут Кадриовски | -2016 | Познат како дел од пионирите на албанската мафија во светот. |
Метуш Бајрами | Член на бугарското и италијанското подземје во хероинските рути. | |
Енвер Ќазими Мурџа | Веројатно најпознат и првиот шеф на скопското подземје. | |
Зија Асани | -2019 | Долго време уважен како шеф на скопското подземје. |
Аслан Нуиши Пода | Член на чешкото и словачкото подземје во хероинските рути. | |
Басри Бајрами | Како член на белгијското подземје извршува киднапирање на белгијскиот премиер по што делото станува приказна која се шири во светот. | |
Орце Коруновски Пикадили | -2002 | Мистериозен лик од скопското подземје со доста блиски релации со бизнисмени и политичари. |
Марјан Тушевски | -2001 | Според многумина најголем фактор за рекетирање во скопското подземје. |
Ромео Живиќ | -2005 | Играч на кумановското и скопското подземје. |
Џелал Ајети Џељо | -2013 | Приказните велат најголем лихвар на скопското подземје. |
Насер Џелили | Долго време шеф во шведското подземје и основач на Насерлиган групата. | |
Бајруш Сејдиу | Најчесто прочуен како последниот тобако шеф инаку член на кумановското подземје. | |
Агим Красничи | 1979- | Познат како шеф на Кондово групата. |
Аце Боцевски Циганот | Речиси политички најзаштитениот лик на подземјето. | |
Јордан Јорданов Ркулот | 1973-2010 | Истакнат како шеф на Франкфурт мафијата и велешкото подземје. |
Зоран Манасков Скршениот | 1970- | Познат како шеф на Франкфурт мафијата и велешкото подземје многу години. |
Даниел Јохансен Петровски | Член на шведското подземје и шеф на тамошна доминантна група. | |
Станислава Чочоровска Полетан | Позната како највлијателната во балканските кокаински рути. | |
Акица Тотиќ Асмер Хајрадиновиќ | Истакнат член на скопското подземје со добри релации во кокаинскиот бизнис со српското и босанското подемје. | |
Шеваљ Муареми | 1977- | Познат како шеф на Грчец интрнационалната група. |
Орхан Бајрами Оки | -2023 | Член на скопското подземје и шеф на Дуќанџик групата. |
Раде Трајковски Штекли | 1984- | Истакнат шлен на скопското подземје. |
Активности надвор од Македонија
[уреди | уреди извор]Австралија
Австрија
Белгија
Босна и Херцеговина
Бугарија
Велика Британија
Германија
Грција
Данска
Италија
Норвешка
САД
Шпанија
Факти
[уреди | уреди извор]Франкфурт мафијата егзистирала повеќе децении и речиси организацијата и фигурирала, како во наголемите светски криминални структури.
Во популарната култура
[уреди | уреди извор]Играни филмови
Балканкан (2005)
Американецот (2006)
Бунило (2009)
Ова не е американски филм (2011)
Збор (2015)
ТВ серии
Заведени (2002)
Книжевност
Од Осака до Дижонска
Крив Правец
Џаро највечи режисер титоизма
Песни
Андријана Ацевска Мафијаш (2013)