Македонија (1888-1912)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонија
УредникКоста Шахов
Основан21 октомври 1888
Престанал1 октомври 1893
СедиштеРусе и Софија

"Македонија" е весник на македонската емиграција во Бугарија, редактиран е од Коста Шахов и излегува од 1888 до 1912 година.

Весникот е основан во 1888 година од Шахов во Русе, како неделник што излегуваше во петокот. Првите 25 броја излегле во Русе, потоа дошло до привремено стопирање, а од 14 јуни 1889 година весикот почнал да излегува во Софија сè до 1893 година [1]. .

"Македонија" е единствениот весник во 80-тите години во Бугарија, кои целосно бил посветен на Македонското прашање. Во првиот број на весникот било истакното дека:

ние Македонците ... не смееме да си ја заборавиме татковината и должнисме да работиме за подобрување на нејзината положба, бидејќи како народ ќе бидеме одговорни пред нашето поколение... задача на весникот Македонија е да се бори за духовно и културно издигање на Македонците[2]


Низ своите страници весникот разгледувал и политички прашања, во смисла дека треба да дојде до организирање и обеднинување на македонските друштва во Бугарија и тоа во интерес на Македонија[1]. Се повикале македонските друштва да се обединат на чело со еден Комитет, кој требало да ја кординира ниваната акција и да преземе дејности, најпрво по мирен дипломаски начин, а пота и да се преземат револуционерни средста [1]. Според весникот Македонија, целата на Комитетот треба да биде Автономија на Македонија врз основа на членот 23 од Берлинскиот конгрес [1]. Автономијата би овозможила да се прекратат пропагандите на соседните држави и би овозможола да зе зачува територијалната целовитост на Македонија[1]. Во тој контекс било истакнато дека во борбата за политички права на Македонија, треба да се обединат сите народности во Македонија[1]. Прашањето за обединување на сите народности во Македонија било посебно разгледано во статијата:

Мислење за решавање на македонското прашање


потпишана со псевдонимот:

Еден Македонец


Според овој автор, ослободувањето на Македонија треба да биде поставено врз неутрална македонска почва и истакнува дека:

Ние сме рекле и друг пат - не е време, ние, Македонците, да ја изразиме нашата желаба за соединување со извесна држава. Тоа е опасно најпрво за самите нас, Македонците, а после за целиот бугарски народ... Ослободувањето на Македонија и нејзинотоприсоединување со извесна земја се две прашања кои е незамисливо да се решат благопријатно во едно исто време...[1]


Понатаму во стаијата било истакнато дека населението во Македонија трба да биде нарекувано исклуциво како Македонци, додека пак македонските друштва како македонски без претставките бугаро, србо, елино и румуно[1]. Оваа статија предизвикала реакции и полемика во кои се вклучила и самата редакција на весникот. Подоцна, в. Македонија еволуирал во правецот на ставовите на Еден Македонец[1]

Весникот излегува до 1 октомври 1893 година, кога Шахов почнува да го издава "Глас македонски".

Извори[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 П.Константин Национлнотоослободително движение в Македония и Тракия 1893-1093, София, 1979
  2. Документи за борба на македонскиот народ, т.1