Лолита Флорес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Lolita Flores
Роден(а)Марија Долорес Гонзалез Флорес
6 мај 1958 (1958-05-06) (62 г.)
Мадрид, Шпанија
Занимањепејачка и глумица.

Марија Долорес Гонзалез Флорес позната како Лолита (родена на 6 мај 1958 година во Мадрид) — шпанска актерка и пејачка. Таа е ќерка на Лола Флорес и Антонио Гонзалес. Нејзините сестри се Антонија Флорес и Росарио Флорес. Била во брак со Гилермо Фуриаза, од кој брак има две деца, Елена и Гилермо[1].

Флорес ја започнала својата кариера во раните 1970-ти со издавањето на албумот Amor, amor. Во 1975 година, таа постигнала успех во нејзината родна Шпанија, како и во земјите од Латинска Америка. Нејзините песни „Sarandonga“, „Lo voy a dividir“ и „Si la vida son dos días“, меѓу другите, станале хитови на шпанските радија[2].

Во 2002 година, таа ја освоила наградата Гоја за најдобра нова актерка за нејзиниот настап во филмот Rencor. Флорес се појавила и во повеќе телевизиски емисии како Directísimo и Hostal Royal Manzanares. На 18 февруари 2019 година, таа ја добила наградата Medalla de Oro al Mérito en las Bellas Artes[3] .

Флорес е со ромско потекло од страната на нејзиниот татко и се идентификува како Ромка.

Дискографија[уреди | уреди извор]

  • Amor, amor (1979)
  • Abrázame (1976)
  • Mi carta (1977)
  • Espérame (1978)
  • Seguir Soñando (1980)
  • Atrévete (1982)
  • Águila real (1983)
  • Para volver (1985)
  • Locura de amor (1987)
  • Madrugada (1990)
  • Con Sabor a Menta (1991)
  • Y La Vida Pasa (1994)
  • Quién lo va a detener (1995)
  • Atrasar el reloj (1997)
  • Lola, Lolita, Lola (2001)
  • Lola, Lolita, Dolores (2002)
  • Si la vida son 2 días (2004)
  • Y ahora Lola. Un regalo a mi madre (2005)
  • Sigue caminando (2007)

Филмографија[уреди | уреди извор]

  • "La princesa del polígono " (2007)
  • Fuerte Apache (2006)
  • Rencor (2002)
  1. „Lolita Flores, jurado del programa de Antena 3 'Tu cara me suena'. Lecturas (шпански). Посетено на 2020-04-07.
  2. "Unió Musical Da Capo" ficha a Lolita para su segunda temporada | Rojo y Azul“. web.archive.org. 2010-05-23. Посетено на 2020-04-07.
  3. „Lolita recibe la Medalla de Oro al Mérito en las Bellas Artes de manos de los reyes“ (шпански). Hearst Magazines International. 18 February 2019. Посетено на 18 February 2019. Наводот journal бара |journal= (help)