Лола (филм од 1961)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Лола (француски: Lola) - француски филм од 1961 година, во режија на Жак Деми (Jacques Demy), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Анук Еме, Алан Скот, Ани Дупероа, Жак Арден и Марк Мишел.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Младиот Ролан Касар (го игра Мишел) води здодевен живот, сè додека не ја запознае Лола (ја игра Еме), која е танчерка во кабаре, а која тој ја познавал уште пред Втората светска војна. Тој се вљубува во неа, но таа сонува за својот поранешен љубовник Мишел (сокого има дете), кој ја напуштил пред седум години. Исто така, во Лола е вљубен и американскиот војник Френки (го игра Скот), но таа не му ја возвраќа љубовта. За да преживее, Ролан се впушта во шверц со дијаманти, заедно со локалниот бербер. Истовремено, тој се запознава со 13-годишната Сесил (ја игра Дупероа), која го потсетува на Лола. На крајот, Ролан се подготвува да го напушти градот, но тогаш во Нант пристигнува Мишел и Лола (која, исто така, се подготвува да си замине) останува со него.

Наводи[уреди | уреди извор]