Лов на црвениот октомври

Од Википедија — слободната енциклопедија

Лов на црвениот октомври (англиски: The Hunt for Red October) е американски филм од 1990 година, во режија на Џон Мектирнан. Главните улоги ги толкуваат: Шон Конери, Алек Болдвин, Сем Нил, Скот Глен и Стелан Скарсгард. Филмот освоил три награди, меѓу кои и еден „Оскар“ за најдобри звучни ефекти, и имал уште шест други номинации.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Во 1984 година, Советскиот Сојуз создава атомска подморница што ја крева тревогата во САД на највисоко ниво. Постои сериозна опасност од пуштање на јадрени ракети кон САД, поради што започнува ловот на подморницата.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. IMDb, The Hunt for Red October (1990), Awards (пристапено на 17.5.2015)
  2. „Лов на црвениот октомври“, Антена, број 878, 24.4.2015, стр. 17.