Лидо ди Венеција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лидо ди Венеција
20050525-033-lido.jpg
Лидо ди Венеција
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 408: Malformed coordinates value
Географија
Координати45°24′02″ СГШ; 12°21′38″ ИГД / 45.40062° СГШ; 12.360595° ИГД / 45.40062; 12.360595Координати: 45°24′02″ СГШ; 12°21′38″ ИГД / 45.40062° СГШ; 12.360595° ИГД / 45.40062; 12.360595
Соседни водни површиниВенециска Лагуна
Површина4 км2
Должина11 km
Највисоко издигнување3 m
Управување
КомунаВенеција

Лидо, или Лидо ди Венеција (италијански: Lido di Venezia) — 11 километарски долг остров кој се наоѓа во Венеција, северна Италија. На островот живеат околу 20.000 луѓе. Венецијанскиот филмски фестивал се одржува во Лидо секој септември[1].,

Географија[уреди | уреди извор]

Островот е дом на три населби. Во самиот Лидо, на север, се наоѓа местото каде се одржува Филмскиот фестивал, Гранд Хотел дес Бинс, Казино Венеција и Хотел Екселсиор Венеција Лидо. Маламоко, е дел од првата и долго време единствена населба на Лидо, и денес се наоѓа на самиот плоштад на Лидо. Лидо во минатото бил и седиште на Венецијанскиот Дужд. Во Алберони, кој се наоѓа на јужниот крај има терен за голф. Честите јавни автобуси ја извршуваат својата работа по должината на островот по главната улица.

Најмалку половина од Јадранската страна на островот е песочна плажа, поголемиот дел од која припаѓаат на разните хотели во кои се сместени летните туристи. Тука спаѓаат реномираниот Хотел Екселсиор и Гранд Хотел де Бенс, кој во моментот е во процес на реновирање. Овие плажи се приватни, иако кон северните и јужните краеви на островот постојат две огромни јавни плажи. Јадранското Море е прилично чисто и топло, идеално за деца, со само повремени медузи кои го нарушуваат пливањето.

Срцето на островот е Санта Марија Елизабета, широка улица долга околу 700 метри, која води од лагуната и вапорето (воден автобус) на едната страна од морето до другата страна. Во неа се сместени хотели, продавници и туристички ресторани.

Венеција Лидо, јавен аеродром погоден за помали авиони, се наоѓа северно од Лидо ди Венеција. Има пистата од 1000 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1177 година, царот Фридрих Барбароса и папата Александар III го потпишале Венецијанскиот договор тука по поразот на Фредерик во Битката кај Легнано во 1176 година.

Во 1202 година, на почетокот на Четвртата крстоносна војна, островот бил користена како камп со десетици илјади крстоносци, кои таму биле блокирани од страна на Венецијанците кога не можеле да платат за венецијанските бродови што им биле потребни за транспорт.

Во 1857 година, било основано првото поморско капење. Ова било првпат што во Европа било видено такво слично нешто.

Лидо, исто така, бил познат по своите бордели во првата половина на 20 век. Во 1960-тите години, подобрувањето на повоената италијанска економија создало бум од продажбата на недвижен имот на островот, а многу Венецијанци се преселиле во Лидо за да имаат корист од својата модерна инфраструктура.

Наследство[уреди | уреди извор]

Терминот Лидо, кој првично доаѓа од овој остров, се однесува на одредени видови на отворени базени, особено во Велика Британија, како и на вид на брод за крстарење.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Hughes, Holly (Jan 14, 2010). „Frommer's 500 Extraordinary Islands“. John Wiley & Sons. стр. 5. конс. 1 December 2013. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]