Летрини

Од Википедија — слободната енциклопедија

37°40′22″N 21°25′53″E / 37.672865° СГШ; 21.431292° ИГД / 37.672865; 21.431292

Летрини (старогрчки: Λέτρινοι)[1] или Летрина (Λετρίνα)[2] ― поранешно гратче во Писа во античка Елида, сместено близу морето, кај Светиот Пат кој води од Елида до Олимпија, на растојание од 180 стадии од Елида, и 120 стадии од Олимпија.

Според грчката митологија, се вели дека било основано од Летреј, син на Пелопс.[1] Имало традиција која вели дека коските на Пелопс - неопходни, според пророштвото, за Ахајците да ја освојат Троја - биле во Летрини.[3]

Заедно со неколку други зависни населби во Елида, се приклучило на спартанскиот крал Агис II, кога тој ги нападнала териториите на Елида; а Елејците биле обврзани да ја предадат својата превласт над Летрини со мирот што го склучиле со Спартанците во 400 г. п.н.е. Подоцна, жителите на Летрини биле дел од спартанската војска која се борела во Битката кај Немеа во 394 г. п.н.е.[4] Ксенофонт говори за Летрини, Амфидол и Марганеис како трифилски места, иако тие биле на десниот брег на Алфеј; и ако нема искривување во текстот, зборот трифилски мора да се користи во лабава смисла за да ги означи зависните населби во Елида. Λετριναῖαι γύαι се спомнати од Ликофрон.[5] Во времето на Павсанија ништо не останало од Летрини освен неколку куќи и храм на Алфиска (Alpheiaea) Артемида; епитетот Алфиска се должи на традицијата дека речниот бог Алфеј се заљубил во Артемида и се обидел да ја заведе во околината на Летрини.[1] Останува сомнително дали овој храм е ист како оној што го спомнал Страбон, бидејќи се наоѓа во близина на устието на Алфеј.[6]

Летрини може да бидат поставени во селото и манастирот Свети Јован, помеѓу Пиргос и пристаништето Катаколо, каде што, според Вилијам Мартин Лик, меѓу многу фрагменти од антиката, бил пронајден дел од голема статуа во раниот 19ти век.[7] Некои современи научници ја прифаќаат идентификацијата,[8] додека други ја третираат како пробна.[9][10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Павсанија. Опис на Грција. 6.22.8. et seq.
  2. Ксенофонт. Грчка историја. 3.2.25, 30.
  3. Ликофрон, Александра, 53-55.
  4. Ксенофонт. Грчка историја. 4.2.16.
  5. Ликофрон, Александра, 158.
  6. Страбон. Географија. 8.3.12. Броеви на страници кои се однесуваат на изданието од Исак Казобон.
  7. Лик, Morea, vol. ii. стр. 188.
  8. Juan José Torres Esbarranch (2001). Estrabón, Geografía libros VIII-X (шпански). Madrid: Gredos. стр. 55, n. 149. ISBN 84-249-2298-0.
  9. Ричард Талберт, уред. (2000). Барингтонски атлас на грчкиот и римскиот свет. Princeton University Press. стр. 58, и придружни белешки од директориумот.
  10. Лундски универзитет. Дигитален атлас на Римското Царство. (англиски)

 

Public Domain Смит, Вилијам, уред. (1854–1857). „Letrini“. Речник на грчката и римската географија. Лондон: John Murray.