Ланкуси

Од Википедија — слободната енциклопедија
Централниот плоштад со црквата Свети Мартин

Ланкуси е јужноиталијанско село во Фисијано, општина во провинцијата Салерно, Кампанија. Со население од околу 4.000 жители (2011), е најнаселената населба во нејзината општина, вклучувајќи го и административниот град.

Историја[уреди | уреди извор]

За прв пат се споменува во 1309 година со името Ланциуси, селото било независна баронија на Кнежевството Сансеверино.

Географија[уреди | уреди извор]

Ланкуси се протега на рамнина, наречена долина Ирно, западно од планинскиот венец Пичентини, во близина на изворите на реката Ирно. Селото е урбанистички соседно, речиси споено, со селото Болано; а други најблиски населби се Барониси, Пента, Сава и Орињано. Се протега на два паралелни главни патишта: Виа Тененте Настри, што го претставува центарот на стариот град, и Виа дел Сентенарио, северната урбана експанзија. Северно од него се наоѓа месноста Макионе.[1]

Дел од урбаното подрачје на Салерно (11км оддалечено), тоа е 2км од Кортикеле, 4 од Фисијано и Универзитетот во Салерно, 4,5 од Меркато Сан Северино и Гајано, 6 од Калванико и 30 од Авелино . Медицинскиот факултет на Универзитетот, се наоѓа веднаш надвор од Болано.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1586327447 Lancusi на OpenStreetMap
  2. (на италијански) University of Salerno: Faculty of Medicine

Надворешни врски[уреди | уреди извор]