Прејди на содржината

Ламборгини Сесто Елементо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ламборгини Сесто Елементо
Lamborghini Sesto Elemento
ПроизводителЛамборгини
Период2011
(20 автомобили)
Склопен воСантагата Болоњезе, Италија
СегментS
Каросеријадвовратно купе
Погонски распоредсреден погон, сите тркала
Мотор5.200 см³, V10, 570 КС
Пренос6-брзински полуавтоматски со лопатки
Тежина999 кг

Ламборгини Сесто Елементо (италијански: Lamborghini Sesto Elemento, букв. „Шести елемент“) — двоседен суперавтомобил со V10-мотор на италијанскиот автопроизводител Ламборгини. Претставен е на Парискиот автосаем во 2010 г. Името на италијански значи „шести елемент“, што се однесува на атомскиот број на јаглеродот во периодниот систем, кој е многу застапен во облик на јаглеродни влакна во конструкцијата на автомобилот. Произведен е во многу ограничен број.

Конструкција и особености[уреди | уреди извор]

Автомобилот е опремен со V10-мотор преземен од моделот Галардо, со работната зафатнина од 5.200 см³ (5,2 л) и 6-брзински полуавтоматски менувач со лопатки зад воланот и погон на сите тркала. Има моќност од 570 кс (425 kW) и момент на сила од 540 N·m.

Шасијата, каросеријата, погонската осовина и амортизерските делови се направени од јаглеродни влакна (графитни влакна), со што вкупната тежина е сведена на само 999 кг — споредливо со онаа на мал градски автомобил како што е Хонда Фит.[1] Ова е најлесниот автомобил на Ламборгини.

Воздухот се испушта од 10 карактеристични шестаголни отвори на капакот, а има и два отвора низ кој струи ладен воздух во моторот, поставен во средината на возилото. Големата моќност и малата тежина на возилото даваат сооднос сила-тежина од 0,57 КС/кг (или тежина-сила од 1,75 кг/кс). Според производителот, автомобилот развива 100 км/ч за само 2,5 секунди.[2]

Ограниченост на производството[уреди | уреди извор]

Сесто Елементо изложен на Парискиот автосаем во 2010 г.

Произведени се само 20 автомобили од овој модел, и пуштени во продажба во 2013 г.[1][3] Сите биле продадени веќе во 2012 г.,[4] по цена од 1,6 до 2,1 милиони евра.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Valdes-Dapena, Peter (17 August 2012). „Lamborghini's $2.2 million Sesto Elemento supercar“. CNN. Посетено на 28 November 2012.
  2. „Sesto Elemento: Overview“. Lamborghini. Архивирано од изворникот на 2013-01-01. Посетено на 3 January 2013.
  3. Pattni, Vijay (13 September 2011). „Lamborghini to build Sesto Elemento“. Top Gear. Архивирано од изворникот на 2012-10-13. Посетено на 28 November 2012.
  4. „The Lamborghini Sesto Elemento is sold out“. Lambocars.com. Архивирано од изворникот на 2013-01-29. Посетено на 28 November 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]