Ламбада

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бендот Калипсо во 2009

Ламбадатанц од Бразил. На крајот на 80-тите години на минатиот век овој танц се раширил низ Европа, Филипините и низ цела Латинска Америка. Танцот ги прифатил движењата од други танци како што се фаро и салса. Ламбада е танц за парови. Танчерите играат така што чекорите одат на страна, се вртат и свиткуваат. Оригиналниот танц нема чекори напред и назад, туку само многу нагласени движења на колковите. Стандардизираниот начин на облекување за танчерките биле кратки лелеави здолништа, а танчерите долги панталони.

Настанување[уреди | уреди извор]

Каримбо[уреди | уреди извор]

Каримбо е танц од времето кога Бразил бил португалска колонија, тогаш бил популарен на северот на земјата. Познат е и како забранет танц. Ритамот го оравеле со удирање на дрвени тапани. Овој танц се состоел од вртења и нишања на колковите на страна, што ќе станат основни движења на ламбадата.

Потекло[уреди | уреди извор]

По некое време, радиостаницата во Белем почнала да ја нарекува новата музика „ритамот на ламбада“. Ламбада е мешавина од нова музика и стариот танц.[1]Ламбада на португалски значи „силен удар“. Се разликува од другите латиноамерикански танци по тоа што танчерите со своите тела го имитираат движењето на брановите.[2]

Карневал во Бахија[уреди | уреди извор]

Ламбада се проширила по брегот додека не стигнала до Бахија, каде што била изменета под влијание на танцот Фаро. На карневалот во Бахија секоја година се појавувале нови танци кои исчезнувале кога туристите си заминувале. Ламбада кко танц на карневалот се појавила во 1988 година.

Музика[уреди | уреди извор]

Во 1988 година, францускиот претприемач, Оливер Ламоте, го посетил Порто Дегуро во Бразил и го открил локалниот танц кој тесно бил поврзан со ламбадата и боливиската мелодија. Групата Каота од неколку музичари патувала во Европа и ја промовирала мелодијата. Француската група Каота ја снимила песната Ламбада која станала хит ширум светот. Во 1989 година биле продадени 5 милиони примероци. Песната на португалски се вика „Llorando se fue“[3] што значи плачам затоа што си заминал/а. За време на најголемата популарност била на 46-то место на листата на 100 најдобри.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „NETWATCH: Botany's Wayback Machine“. Science. 316 (5831): 1547d–1547d. 15. 6. 2007. doi:10.1126/science.316.5831.1547d. ISSN 0036-8075. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. Wikipedia:Verifiability (англиски), 7. 4. 2019, Посетено на 7. 4. 2019 Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  3. Knessl, Lothar (2002). „Vinko Globokar „L' armonia drammatica" in Bielefeld“. Österreichische Musikzeitschrift. 57 (10). doi:10.7767/omz.2002.57.10.64. ISSN 2307-2970.