Лактазата е ензим кој го произведуваат голем број на организми. Лактазата е неопходна за да се комплетира дигестијата на млекото; при што ја разложува лактозата, шеќер кој го дава слаткиот вкус на млекото. Во отсуство на лактаза, кај лицата кои консумираат млечни производи се јавуваат симптоми на лактозна интолеранција.[1] Лактазата може да се користи како додаток во исхраната, а со додавање во млекото се добиваат млечни производи без лактоза.