Лазар Поповски
Изглед
Лазар Поповски (роден 19 мај 1975 во Скопје, Македонија) — поранешен македонски кајакар, којшто четири пати ја претставувал Македонија на Олимписките игри.[1]
Лазар Поповски се натпреваруваше на Олимписките игри во 2004 година во Атина, Грција. Во дисциплината кајак К-1 тој во квалификациите за полуфинале зафрши на шестото место и се проби во полуфиналето каде што го освои шеснаесеттото место не успевајќи притоа да заврши меѓу првите десет и да се квалификува во финалето.
Тој претходно се натпреварувал на Олимписките игри во 1992, 1996 и 2000.
Моментално работи како директорот на Агенцијата за млади и спорт.
Наводи
[уреди | уреди извор]- Profile
- Sports-Reference.com profile Архивирано на 28 јануари 2010 г.