Лазарското пеење во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Лазарското пеење во Република Македонија за прв пат се споменува во Пишанитските извори од крајот на 19 век. Претставува фолклорно наследство што постои во еден функционален систем на различни видови музички зборови. Лазарските обреди и песни, припаѓаат на пролетниот циклус кои црквата ги прифатила, не менувајќи и скоро ништо во суштина. На Лазарова сабота (една недела пред Велигден) ги изведуваат девојчињата на 12-годишна возраст, во периодот кога „се задевојчуваат“, односно од статусот на девојче преминуваат во статус на девојка што укажува на постоечката институција обреди на премин. Во различни краишта на Македонија се одржуваат различни церемонии поврзани со изведувањето на Лазарските песни.Македонското лазарско пеење е претставено на научни собири и трибини во Републиката и во странство.

Опис на Лазарското пеење[уреди | уреди извор]

Лазарското пеење во Република Македонија претставува фолклорно наследство што постои во еден функционален систем на различни видови музички зборови. Лазарските обреди и песни, припаѓаат на пролетниот циклус кои црквата ги прифатила, не менувајќи скоро ништо во суштина. Тие се изведуваат по еден строго утврден ред. Се знаело точно какви обврски имал секој учесник во обичајот - хиерархиско редење на лазарките при обредното пеење и играње. Во селото Луке на празникот Лазарова сабота девојки пееле наменски песни за секој член од семејството .Така на пример во обредниот церемонијал во с. Вевчани, Струшко почетната пејачка се нарекува "буљубаша", а до неа е "завелвачот", а на крај „довелвачот“, потоа доаѓаат останатите, a во Кривопаланечкиот крај главни личности во обредниот церемонијал се "Mашки Лазар" (девојка која носи чадор) и "женски Лазар" (и двете носат шешири (шамии) накитени со цвеќиња) и секогаш одат први, а останататит играат и пеат: две или три групи по три девојки: прва девојка се нарекувала „предводика“, втората -„средица“ и третата -„досредвица“.Следејќи го текстуалниот дел на овие песни, нивната структура и функција во поетските творби како и улогата на рефрените, може да се заклучи дека нивната изведба е точно наменета. Секоја песна се посветува на некого или на нешто, изразуваќи ги желбите на луѓето: за подобар живот, за женидба.

Песните се наменети за невеста, момче, девојка, за мали дека итн. Лазарките му пеат посебна песна на секој човек зависно од неговата возраст и општествената положба и за тоа добиваат дарови, најчесто пари. Во нив се исакнуваат и желбите да се размножува стоката: кравите, овците, пчелите и др. Главно се ориентирани кон формирање здрава генерација и обезбедување благосостојба во секојдневниот живот. Лазарското пеење што се практикува денес во Република Македонија е сè уште жива активност во рамките на обредната традиција.

Лазарското пеење во Република Македонија се употребува: - како жива и сè уште активно церемонијално-пеајчка традиција во локалното пеење од страна на носителките на овие традиционални пејачки форми. - во аудио и видео презентации на регионални и меѓународни научни собири и трибини во Републиката и во странство

Потекло на Лазарското пеење[уреди | уреди извор]

Лазарското пеење во Република Македонија, како дел од духовната култура на Македонците, е тесно поврзано со обредниот календарски циклус. Се претпоставува дека песните датираат од времето на паганството и се сметаат за најстари зборови во музиката. Од минато до денес, лазарските песни преставуваат пренесувачи на желбите, молитвите и потребите на луѓето. Истовремено, тие претставуваат примери со изразен магичен карактер за да го заштитат човекот, и да го заштитат од разни зла, односно да придонесат за севкупната благосостојба на човекот. Забележителни се некои архаични елементи во обичаите, ритуалите и верувањата во изведбата на лазарските песни, како и стилот на пеење, односно антифонискиот стил на пеење, кој укажува на една пеајчка практика во Македонија. која потекнува уште од почетокот на XIV век (според византиски извори: Н. Грегорас) чии траги се задржале до денес.

Посебни карактеристики на Лазарското пеење[уреди | уреди извор]

Специфичноста на македонските Лазарски песни се манифестира во следново:

  1. Колективност на изведбите, која се изведува преку обредите и пеењето на лазарките.
  2. Антифонската техника на групното лазарско пеење, односно изведбата - наизменично пеење во формирање на две или три групи по три пејачки, што зависи од бројот на пејачки: првата настапува првата група пејачки, првата мелострофа и кога таа ќе заврши со своето пеење, настапува во втората група, преземајки ја мелодијата од првата група со идентично повторување на мелострофите во еден континуиран тек, без застој во играњето и во пеењето; кога ќе заврши втората група со излагањето на текстот и мелодијата од прва мелострофа, повторно се јавува првата група пеејки ја втората мелострофа итн. На тој начин се создава кружно - антифоно пеење на песни во рамките на колективниот обреден чин.
  3. Прекини (цезурите) во стиховитите и мелодиите кои се јавуваат на крајот од првиот мелостих или на крајот од мелострофата;
  4. Интерактивната врска меѓу текстот и мелодијата во која Лазарското пеење се јавува како резултат на фонетскиот процес на пеење и музика.
  5. Интерактивната врска меѓу текстот и мелодијата во која Лазарското пеење се јавува како резултат на фонетскиот процес на рефрените и музиката, кој се развил во долгогодишно искуство.
  6. Добро познати елементи во создавањето на Лазарските песни, кои директно влијаат на форматот и структурата на песната се:
  • метрички структури на стихот:
  • седмерецот VII: (4, 3),
  • симетричен осмерец VIII: (4, 4),
  • асиметричен осмерец VIII: (5, 3),
  • десетерецот X: (5, 5); и други;
  • вметнати рефрени од типот: Лазаре, јо Лазаре, Зару, Лазаре и сл. и нивната функција на маркери во Лазарска ритуалното изведување;
  • ритмички карактеристики - во зависност од начинот на толкување и метричката структура на стиховите и тактовите.

Од ритмичките примери се: ѓусто (2/4 такт), рубато и ¾ аксак ритмовитите (5/8 такт, во кој троделниот сегмент се наоѓа на второто акцентско место и 7/8а такт, во кој троделниот сегмент се наоѓа на прво акцентско место)

Каденците и нивната функција:[уреди | уреди извор]

- да ја заклучи пеаната песна како мелопоетска целина (заклучни каденци) и - да го навестат крајот на еден дел од пеаната песна, т.е. на една помала мелопоетска целина; тонски низи и амбитусот (во песните преовладуваат дијатонските тонски низи, карактеристични по едностава на малиот тонски амбитус. Богата народна терминологија поврзана со локални називи за типот на пеењето: („лазарско“ -„лазарки“ , „лазарици“), („лазаринско“- „лазаринки“)и сл.

Негување на Лазарското пеење[уреди | уреди извор]

Постигнатите сфаќања покажуваат дека на ниво на локалната заедница. Лазарското пеење и автентичниот начин е грижа на мали групи од североисточниот дел на Република Македонија, како на пример во, Кривопаланечко и денес се организирани Лазарски поворки кои со песна и игра ги визитуваат сите домаќинства,а исто така шетаат низ полето, за што сведочи снимениот филм "Лазарици"[1] во 2000 година (МРТВ).

Во Охридско-струшките села сè уште се активни лазарските поворки, па така на самиот влез во град Охрид во с. Велгошти на Лазарова Сабота можат да се сретнат група лазарки кои со песна и игра ги пречекуваат минувачите низ селото.

Во повеќето делови на Република Македонија денеска не е регистриран организиран облик на изведување на ова архаично обредно-пеење.

Вредности на Лазарското пеење[уреди | уреди извор]

Лазарското пеење обединува повеќе карактеристики на старата македонска вокална традиција. Колку е автентично и добро зачувано во меморијата на носителите на овие традиционални обредно пејачки форми, тоа е од непроценливо значење за културниот идентитет на Македонците. Неговата интегралност изразена преку степенот на единство на неговите форми и функции во висока мерка и ги задоволува критериумите за нејзиното културно, уметничко, научно и општествено значење. Валоризацијата на лазарското пеење во Република Македонија се врши според критериумите утврдени во член 3 од Правилата за валоризација, категоризација и ревалоризација на културното наследство:

1. Критериуми што се однесуваат на својството на Лазарското пеење се:

Автентичност - Автентичноста на македонската лазарска песна се изразува преку употреба на архаични структурни елементи (антифониот метод на изведба, изговор на магиски формули во вид на благослов, мелопоетски цезури, употреба на рефрени: Лазаре.

Раритет - степенот на зачувување на македонската лазарска песна претставува вистинска реткост дека постои колективно духовно добро што е зачувано во оваа мерка, не само во архивска смисла, туку и како културно наследство во меморијата и во живата традиција на Ммакедонецот.

Уникатност – Лазарското пеење во Република Македонија е единствената и најрепрезентативна форма на ритуално-пејачко изразување од западна и североисточна Македонија. Колективниот лик најсилно е изразен преку масовното учество на учесниците во овој обредно пејачки комплекс;

Различност - македонската Лазарска песна претставува комплекс од разновидни стилски особености на националниот музички фолклор преку кој се изразува целокупното богатство на музичко-фолклорни дијалекти карактеристични за оваа земја.

Интегралност - е изведена преку единство на формите и функциите при интерпретации на овој вид фолклорно добро.

Зачуваноста - македонската лазарска песна е сочувана до одредена мера, сепак се привидни тенденции за интегрирање на оваа форма со други форми на традиционално народно изразување.

Староста - македонската лазарска песна претставува најстар и најархаичен слој на вокално музичко-фолклорен израз, а според пронајдените етнографски извори, синкретизмот на оваа форма на пеење се поистоветува со лазарскиот ритуал и игра со преплет и сл.означувајќи ја притоа нивната старост.

1. Критериуми што се однесуваат на својството на доброто се:

Автентичност - Автентичноста на македонската лазарска песна се изразува преку употреба на архаични структурни елементи (антифониот метод на изведба, изговор на магиски формули во вид на благослов, мелопоетски цезури, употреба на рефрени: Лазаре.

Раритет - степенот на зачувување на македонската лазарска песна претставува вистинска реткост дека постои колективно духовно добро што е зачувано во оваа мерка, не само во архивска смисла, туку и како културно наследство во меморијата и во живата традиција на Македонија.

Уникатност – Лазарското пеење во Република Македонија е единствената и најрепрезентативна форма на ритуално-пејачки изразување од западна и североисточна Македонија. Колективниот лик најсилно е изразен преку масаното учество на учесниците во ова обредно пејачки комплекс; Различност - македонската лазарска песна претставува комплекс од разновидни стилски особености на националниот музички фолклор преку кој се изразува целокупното богатство на музичко-фолклорни дијалекти карактеристични за оваа земја.

Интегралност - е изведена преку единство на форматите и функциите при интерпретации на овој вид фолклорно добро.

Зачуваноста - македонската лазарска песна е сочувана до одредена мера, сепак се привидни тенденции за интегрирање на оваа форма со други форми на традиционално народно изразување.

Староста - македонската лазарска песна претставува најстар и најархаичен слој на вокално музичко-фолклорен израз, а според пронајдените етнографски извори, синкретизмот на оваа форма на пеење се поистоветува со лазарскиот ритуал и игра со преплет означувајќи ја притоа нивната старост.

Значење на Лазарското пеење[уреди | уреди извор]

Културно сознание е дека Лазарското пеење како традиционална институција негувана со векови и пренесувана низ генерациите го претставува најдобриот традиционален музичко-фолклорен израз на македонската нација. Тоа е сè уште живо традиционално пејачко изразување во македонска обредно-пејачка традиција.

Историското значење е тоа што преку проучувањето на Лазарското пеење во Република Македонија може да се добијат релевантни податоци за историските настани и процеси што се случувале во минатото на територијата на денешна Република Македонија.

Уметноста на лазарското пеење во Република Македонија се карактеризира со посебни стилски и изразни елементи, кои даваат можности за нивна обработка и стекнување на нови естетски и уметнички вредности.

Научно знаење - проучувањето на лазарските песни дава значајни и релевантни податоци за музичко-фолклорните особености и стилови на македонските лазарски песни во различните региони на Република Македонија. Со обезбедувањето на националната база на податоци за компаративни регионални истражувања на македонското лазарското пеење во областа на етнологијата и етномузикологијата.

Уникатноста на Македонското Лазарското пеење се состои во староста, слоевитоста, интегралноста, автентичноста и иникатноста, што претставува сведоштво од поширок интерес за прочување на културата и идентитетот на македонците. Слоевитоста на лазарското пеење во Република Македонија е изразена преку автентичниот начин на пеење.

Нематеријално културно наследство[уреди | уреди извор]

Со одлука на Владата на Македонија Лазарското пеење како нематеријално (духовно) е значајно културно наследство и е прогласено за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Женски лазарски обредни поворки од Теарце- Долни Полог - 2021, Посетено на 2023-11-20

Литература[уреди | уреди извор]

  • Арнаудов, Михаил: Студии за бугарските обреди и легенди, I, БАН, Софија, 1972
  • Бицевски, Трпко, Двогласната пејачка традиција во Радовишко, ЗБОРНИК НА XIX конгрес на СЗФЈ, Крушево, 1984, Скопје, 1977 г.
  • Бицевски, Трпко: Двогласето во Македонија, Институт за фолклор, Специјално издание, кв. 11, Скопје, 1986 г.
  • Брзанов, Михаило: Кон музичките карактеристики на лазарските песни од Преспанско, Македонски фолклор, кн. VI, број 12, Скопје 1973 г.
  • Васиќ Оливера: Улогата на родот во ритуалната практика на нашиот народ, Постструктуралистичка наука за музиката, Специјално издание Нови звук, СОКОЈ-МИЦ на ФМУ, Белград, 1998 г.
  • Васиќевиќ, Миодраг А.: Југословенски музички фолклор II: Народни мелодии опеани во Македонија, Белград, Просвета, 1953 г.
  • Васиќ, Оливера: Улогата на родот во обредната практика на нашиот народ, Постструктуралистичка наука за музиката, Специјално издание Нови звук, СОКОЈ-МИЦ при ФМУ, Белград, 1998, стр. 42.
  • Величковска (Олевска), Родна: „Некои особености на лазаровите песни во Кривопаланско“, „Македонски фолклор“, XXII/43, Скопје, 1989, стр. 187-193.
  • Величковска, Родна: Женското обредно пеење во Охридско-струшкиот регион, Современа состојба на фолклорот во Охридско-струшкиот регион, Скопје, Институт за фолклор „Марко Цепенков“, 2006 година, Специјално издание, кн. 63, стр. 143-185;
  • Величковска, Родна: Женското обредно пеење во Струшкиот крај денес, Македонски фолклор, кн. XXXII, број 63, Скопје, 2006, стр. 385-398;
  • Величковска, Родна: жетварското пеење во Македонија, Институт за фолклор, „Марко Цепенков“, Специјално издание, кн. 45, Скопје, 2002 г.
  • Величковска, Родна: Музичките дијалекти во македонското традиционално народно пеење - обредно пеење (докторска дисертација - ракопис) Факултет за музичка уметност, Белград, 2006 г.
  • Родна Величковска, Жива пејачка традиција на Свети Лазар во Македонија, ИСТРАЖУВАЊЕ НА ТАРОТ И МУЗИКАТА НА БАЛКАНОТ, Меѓународен симпозиум, Брчко, 2007, стр. 71-88.
  • Величковска, Родна: Видови традиционални трансрегионални народни песни во балкански контекст, Македонски фолклор, кн. XXXIV, број 65, Скопје, 2008, стр. 313-319.
  • Големовиќ, Димитрије О.: Народни песни и ора во околината на Бујановац, Етнографски завод САНУ, Специјално издание, кв. 21, Белград, 1980;
  • Големовиќ, Димитрије О.: Рефрен во народното пеење: Од ритуал до забава, Реноме - Бијеќина и Академија на уметностите - Бава Лука, Белград, 2000. стр. 28.
  • Грубер, Р. И.: Општа историја на музиката, Москва, 1965, стр. 34-40.
  • Девиќ, Драгослав: Културна историја на Сврќиг, кв. II, Национален универзитет - Сврќиг, Просвета - Ниш, 1992;
  • Домазетовски, Петко, „Лазарски песни од Дримкол (Струшки крај)“, Македонски фолклор, VII/13, Скопје, 1974 г.
  • Македонско народно пеење со извикување (докторска дисертација), Факултет за музичка уметност, Белград, 1985 г.
  • .Некои карактеристики на народните песни, Зборник на XVIII конгрес на југословенските фолклористи, Бовец, 1971, Љубљана, 1973, стр. 192-201.
  • Особености на жетварски песни од Македонија, Зборник на трудови од XVI конгрес на СУФЈ во Игало 1969, Цетиње, 1978, стр. 239-247.
  • Зборник на Браќата Миладиновци, Загреб, 1861 г.
  • Зборник на Панајот Гиновски од село Галичник од Дебарско, подготвен и редактиран од Кирил Пенушлиски, Книгоиздателство Матица Македонска, Скопје, 1995 г.
  • Земцовски: обреди на Словените, фолклор и етнографија. Култура и фолклор фолклор. АНССР, Институт за етнографија им. Н.Н. Миклухо-Миклар, Издателство „Наука“, Ленинградско одделение, Ленинград, 1974, стр. 147-154.
  • Златановиќ, Момчило: жетварски обичаи и песни во Вравска Пчива и нивната поврзаност со македонскиот фолклор, Македонски фолклор, X/19-20, Скопје, 1977, стр.119.
  • Златановиќ, Момчило: Народни песни и басни на Јужна Србија, САНУ, Српски етнографски зборник XCVII, Српски народни артефакти, книга 6, Белград, 1994 г.
  • Икономов, В.: Стари народни песни и обичаи од западна Македонија, Институт за фолклор „Марко Цепенков“, Посебно издание, кн. 13, Скопје, 1988 г.
  • Икономов, Васил: Сборник от старнародни умотворени/, Песни од Дебарско, Кичевско и Охридско, Солун, 1895 г.
  • Аранов, Ефрем. Кратовски зборник, редакција на Блажо Петровски, Институт за фолклор „Марко Цепенков“, Скопје, 2000 г.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]