Куќа на Чока

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куќа на Чока
Карта
Општи податоци
Виддвокатна куќа
Стилбарокни влијанија
ГрадБитола, Општина Битола
ЗемјаМакедонија
Координати41°1′47.22″N 21°20′18.61″E / 41.0297833° СГШ; 21.3385028° ИГД / 41.0297833; 21.3385028
ЗавршенаВтора половина на 19 век

Куќа на Чока — архитектонска знаменитост во градот Битола.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Се наоѓа во стариот дел на градот, на улица Влатко Миленкоски (поранешна Ѓуро Ѓаковиќ) бр. 26, во близина на митрополијата.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Куќата е изградена во втората половина на XIX век.[1]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Во архитектурата има барокни влијанија во дизајнот на фасадните волумени и во примената на фасадната декорација. Сепак, се користат специфични волутни елементи, во кои се вметнати елипсовидни прозорци, кои ја формираат завршната површина на покривот. Овој елемент потсетува на италијанската ренесанса и ја нагласува припадноста на куќата на средоземниот стил, но е присутен и во доцните поствизантиски влијанија во развојот на црковната архитектура во XIX век на Балканот.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „„Куќа на Чока" / Битола XIX век“. Македонска АРХитектура. Посетено на 25 април 2021 г. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)