Кубен инч

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мотор со наведена работна зафатнина од 502 кубни инчи

Кубниот инч, кубен цол[1] или кубен палец (cu in, in³, ин³) е мерна единица за зафатнина во империјалниот и американскиот мерен систем. Претставува простор што зафаќа една коцка со страна од 1 инч.

Оваа мерка, заедно со кубната стапка сè уште е мошне распространета во САД, макар што единиците за зафатнина од системот SI како литарот, милилитарот и кубниот метар исто така наоѓаат широка примена во производството и високата технологија. Работната зафатнина на моторите во САД денес се изразува претежно во метрички единици, со ретки исклучоци.

Една кубна стапка е еднаква на 1.728 ин³ (123 = 1.728).

Во други единици[уреди | уреди извор]

1 кубен инч (земајќи го меѓународниот инч) е еднаков на:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]