Прејди на содржината

Куаи Шјианг

Од Википедија — слободната енциклопедија

Куаи Шјианг (кинески: 蒯祥; пинјин: Kuǎi Xiáng, 1398 — 1481) — кинески архитект и инженер нашироко познат како градител на Забранетиот град[1] и основач на шјиангшанските столари. Роден е во Ксуку (Шјиангшан), во округот Ву, Суџоу, за време на династијата Минг. Кога императорот Јонгле одлучил да го пренесе главниот град од Нанџјинг во Пекинг во 1407 година, на Куаи Шјианг му било наредено да го проектира и изгради Забранетиот град.

Куаи Шјианг бил во раните триесетти години кога царот му наредил да го проектира Забранетиот град. Куаи го користел Царскиот дворец во Нанџјинг како урнек. Во неговиот проект вклучил особености на дворци изградени за време на династиите Танг и Сунг. Исто така црпел идеи од конфучијански, таоистички и традиционални астрономски системи. На Куаи му биле потребни неколку години, а првиот дворец и ѕидините на градот биле завршени дури по 13 години.[2]

  1. „Ming: The Golden Empire on display at National Museum of Scotland“. BBC. 25 June 2014. The Forbidden City's chief architect, Kuai Xiang, is actually painted on - he stands in front of the Gate of Heavenly Peace.
  2. Shea, Marilyn. „Forbidden City - History“. University of Maine at Farmington. Архивирано од изворникот на 2019-01-05. Посетено на 4 February 2014. Emperor Yongle chose a young architect to design and oversee the construction. Kuai Xiang 蒯祥 (Kuǎi Xiáng) was in his early thirties when he began the work. He used the Imperial Palace in Nanjing as the base model and incorporated historical references to palaces built during the Tang and Song Dynasties. He referenced Confucian, Daoist, and traditional astronomical belief systems to create an expression of Chinese philosophy and belief systems. It took 13 years to complete the initial palace and walls. Through the centuries additions have been made to the original design of the Forbidden City, but the heart of the palace is that of Yongle and Kuai Xiang.