Крешо Голик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Крешо Голик
Krešo Goliк
Роден(а)20 мај 1922(1922-05-20)
Фужине, Кралство Југославија
Починал(а)20 септември 1996(1996-09-20) (воз. 73 г.)
ЖивеалиштеЗагреб, Хрватска
Националностхрватско
Занимањережисер и сценарист

Крешо Голик (хрватски: Krešo Goliк), (Фужине, 20 мај 1922Загреб, 20 септември 1996) — хрватски режисер и сценарист.

Биографија[уреди | уреди извор]

Основно училиште завршил во Фужине, а гимназија и графичка школа во Сењ и Загреб. Најпрво бил спортски репортер во Радио Загреб, а подоцна режисер на филмските прегледи во Jадран филм.

Од 1947 година започнал професионално да се занимава со филмската уметност[1].

Творештво[уреди | уреди извор]

Прв игран, целовечерен фил му бил „Син 9 “, а потоа следат: „Девојката и јаворот “, „Од 3 до 22 “, мелодрамските комедии „Имам две мајки и двајца татковци“ и „Кој пее, зло не мисли“, кој, според хрватските филмски критичари е еден од најдобрите хрватски филмови на сите времиња[2]. Остварил голем успех со телевизиските серии и филмови, особено со: „Грунтовчани “, како и „Диригенти и музичари[3],[4].

Бил професор на Академијата за драмски уметности во Загреб.

Филмови и ТВ серии[уреди | уреди извор]

Режисер:

  • Диригенти и музичари (1990), ТВ серија[5]
  • Вилата Орхидеја (1988)
  • Инспекторот Винко (1984) ТВ серија
  • Љубица (1978)
  • Истрел (1977)
  • Мотелот месечина (1976), (ТВ)
  • Грунтовчани (1975), ТВ серија
  • Бразди (1973)
  • Да се живее од љубов (1973)
  • Дискрецијата е загарантирана (1972), (ТВ)
  • Конфликт (1972),( ТВ)
  • Кој пее, зло не мисли (1970)
  • Истрел (1977) (ТВ)
  • Колку тоа чини (1969)
  • Имам две мајки и двајца татковци (1968)
  • Кореографија за камера и танчари (1968)
  • Шест чекори... до светскиот рекорд (1967)
  • Од 3 до 22 (1966)
  • Девојката и јаворот (1955)
  • Кала (1955)
  • Син 9 (1950)
  • Автопат Братство-единство (1948)
  • Уште еден брод заплови (1948)
  • На овој пат (1948)

Сценарист:

  • Вилата Орхидеја (1988)
  • Да се живее од љубов (1973)
  • Кој пее, зло не мисли (1970)
  • Колку чини тоа (1969)
  • Имам две мајки и двајца татковци (1968)
  • Шест чекори... до светскиот рекорд (1967)
  • Од 3 до 22 (1966)
  • Николетина Бурсаќ(1964)
  • Прекубројна (1962)
  • Мартин во облаци (1961)
  • Довикнати води (1960)
  • На прагот од градот (1960)
  • Раздвижени оски (1960)
  • Жолти и сини полиња (1960)
  • Син 9 (1950)
  • Автопат Братство-единство (1948)
  • Уште еден брод заплови (1948)[6]

Награди[уреди | уреди извор]

Во негова чест од 1997 година, е основана Весниковата годишна награда, за придонес во облата на филмската уметност наречена „награда Крешо Голик“.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]